Можеби ве интересирало, но не сте знаеле кого да прашате: TIMOCOM водич за почетници
Откријте како функционира дигиталниот пазар на TIMOCOM, која е целната група, на кои јазици се комуницира и како можете да станете дел од овој иновативен систем. Што е TIMOCOM и како може да го подобри вашиот бизнис?
Што е TIMOCOM и за кого е наменет? Како работи TIMOCOM во нашата земја? Дали дигиталниот пазар на TIMOCOM е наменет само за меѓународен транспорт или има понуди и за домашен транспорт? Дали TIMOCOM е партнер само за транспортните компании? Како да добиете налог од TIMOCOM? Кои услови треба да ги исполнува вашата компанија? На кој јазик функционира дигиталниот пазар на TIMOCOM? На кој јазик можете да зборувате со вработените во TIMOCOM? Дали дигиталниот пазар на TIMOCOM може да се тестира пред потпишување на договорот?
Со овој текст сакаме да ве поздравиме, да се претставиме, да објасниме како функционира дигиталниот пазар на TIMOCOM и да одговориме на некои од прашањата кои најчесто ни ги поставувате.
Што е TIMOCOM?
TIMOCOM GmbH е германска софтверска компанија. Развивме програма што ја нарековме „дигитален пазар на TIMOCOM“, што претставува виртуелна размена на товари и товарен простор. На него можете да најдете товари за вашите возила или да ги понудите слободните возила, да ги објавувате вашите товари или да пребарувате достапни возила за нив. И уште повеќе. Прелистајте ги сите услуги кои ги нуди TIMOCOM - програмата: TIMOCOM - дигитален пазар за логистичката индустрија
Јазикот на TIMOCOM
Секоја од 40-те европски земји во кои TIMOCOM работи повеќе од четвртина век има тим кој го зборува мајчиниот јазик на корисникот. TIMOCOM - програмата е и на повеќе балкански јазици.
За кого е наменета TIMOCOM програмот?
TIMOCOM е наменет за транспортни и логистички компании, но и за компании кои се занимаваат со трговија или производство. Во моментов сме партнери и поддршка на над 55.000 европски компании, а би сакале да станеме и ваши. Тестирајте ја програмата, бесплатно и без обврска. Одлучете врз основа на сопственото искуство. Тест фазата трае до 4 недели и на крајот вие одлучувате дали сакате да продолжите да работите со нас.
Тестирајте ја програмата TIMOCOM:
Видовте реклама за TIMOCOM или некој не спомнал во разговор. Не сте сигурни како функционира сето тоа и не знаете дали TIMOCOM е вистинското решение за вас...
Ќе започнеме по редослед:
- Имате транспортна компанија и камион или повеќе. Без разлика дали се работи за едно изнајмено комбе или неколку шлепери што ги поседувате, доколку ви требаат товари, TIMOCOM е решението за вас. На транспортната берза на TIMOCOM, брзо ќе најдете товари кои одговараат на вашите потреби, со едноставно пребарување користејќи филтри поврзани со типот на вашето возило, рутата за која сте заинтересирани и датумите кога вашето возило е достапно. И низ Европа и пошироко. Со TIMOCOM ќе можете да избегнете бесмислени празни повратни релации.
- Вашата компанија се занимава со производство и ви треба транспортно возило за транспорт на материјали за вашите производи или треба да ја организирате нивната дистрибуција. И во тој случај, TIMOCOM е решението за вас. На дигиталниот пазар на TIMOCOM можете многу едноставно да ги објавите вашите товари и да чекате транспортните компании да ви ги испратат своите понуди или да ве контактираат. Исто така, имате опција да пребарувате достапни возила по релации и датуми што ве интересираат.
- Се занимавате со трговија и ви треба транспорт за стоката што ја тргувате. TIMOCOM е решението и за вас. Поврзете се со транспортните компании, изберете ја онаа што најмногу одговара на вашите потреби, заштедете пари и време...
- Основавте компанија која се занимава со превоз и логистика. Сигурно веќе сте слушнале за TIMOCOM - тестирајте ја нашата програма и уверете се колку сме добар деловен партнер за најголемите шпедиции и логистички компании во земјата. Не мора да бидете големи, ние не дискриминираме и можеме да ви помогнеме да растете.
Како да добиете налог од TIMOCOM?
Ако се среќавате со TIMOCOM за прв пат, со задоволство ќе ви дадеме можност бесплатно да ја тестирате нашата програма. Активирајте го барањето за тестирање на нашата веб-страница, а откако ќе ги пополните основните информации на вашата компанија, почекајте да ве контактира лицето кое ќе биде задолжено за вашата сметка. Покрај тоа што ќе ви дадеме инструкции за тоа како можете да добиете пристап до нашиот систем, ќе ви објасниме и детално како да ја користите програмата TIMOCOM. Не грижете се, програмата е едноставна и лесна за употреба.
Процесот на барање за тестирање го започнувате преку следнава врска:
Како да ги дигитализирате вашите логистички процеси со помош на TIMOCOM?
Дигитализацијата е термин кој некому може да звучи страшно, но неговата цел е токму да ги поедностави комплицираните ИТ процеси. Не треба да сте ИТ експерт за да ја користите транспортната берза на TIMOCOM, напротив. Доколку примите или испраќате транспортни налози во програмата TIMOCOM, тие автоматски ќе бидат преведени на јазикот на примачот, со што се избегнуваат јазичните бариери и се исклучува можноста нешто да не сте разбрале добро. Избегнувајте рачно внесување на сите податоци, заштедете време. Следете ја вашата стока во реално време, поврзете го вашиот GPS систем со нашиот, пресметајте ги реалните трошоци на вашата рута, користете мапи на TIMOCOM како помошна алатка за оптимално планирање... Без комплицирана документација, непотребни мејлови и повици - ви нудиме можност да ги направите сите процеси на едно место, во дигиталниот пазар на TIMOCOM.
TIMOCOM ви носи сигурност
Секоја компанија што сака да пристапи на дигиталниот пазар на TIMOCOM поминува низ проверка - ова е наша предност, но и ваша. Користејќи ја опцијата „пребарување компанија“, ја запознавате компанијата со која планирате да соработувате. Ние веќе и верувавме, уверете се и вие дали можете и вие да и верувате. Проверете колку долго се со нас, видете ги оценките што им ги дадоа компаниите што соработувале со нив пред вас. Добрите препораки градат доверба.
TIMOCOM се стреми да ве заштити
Сакаме нашиот пазар да остане безбеден. Ние се обидуваме да ве заштитиме: пријавете можно непрофесионално однесување на компаниите, ангажирајте го нашиот адвокат за наплата на вашите побарувања преку Меѓународната услуга за наплата на долгови на TIMOCOM.
Станете наш корисник:
Jelena Denda
Account Manager • Sales South-Eastern Europe