Што е затворена транспортна берза?

Нашата TIMOCOM мрежа расте и произведува голем број на понуди на товари, повици и е-пошта од потенцијални деловни партнери. Доколку преферирате нешто помало и поексклузивно, имате можност да ги објавите вашите понуди на товарен и слободен товарен простор во партнерска мрежа што сте ја создале. Тогаш вашата понуда со товари е видлива само за оваа група и, доколку е потребно, може јавно да се стави на транспортна берза TIMOCOM по однапред дефиниран временски период.

Отсега сами ги одредувате вашите соиграчи во транспортниот процес - со затворената транспортна берза од TIMOCOM.

Кои се предностите на затворената транспортна берза?

Eксклузивност

Доделувајте налози само на деловни партнери на кои веќе им верувате. Ова ви овозможува да изградите долгорочни партнерства.

Заштеда на време:

Наместо да се занимавате со ирелевантни прашања, потпирајте се на познати деловни партнери кои повеќе не треба да ги проверувате.

Заштеда на трошоци

Преку ексклузивната понуда на товари и слободен товарен простор во вашата мрежа, можете да преговарате за подобри услови.

Контрола

Како иницијатор можете слободно да ја одредите распределбата на правата и правилата за соработка. Покрај тоа, ќе добивате и месечна статистика за успехот на вашата група.

de_fracht_einstellen_gbg

Како да понудам товар во затворена транспортна берза?

  1. Креирајте маркантна понуда со товар. 

  2. Во полето „Ограничи го објавување“, изберете ја вашата затворена транспортна берза.

  3. Доколку сакате, по одреден временски период, да ја понудите понудата со товар во дневната понуда, можете да одредите колку долго понудата треба да остане ексклузивна.

  4. Алтернативно, вашата понуда со товар може дури и да помине низ неколку затворени транспортни берзи (каскади). 

Како да пребарувам товари во затворена транспортна берза?

  1. Кликнете на "Барање на товари" и поставете ги вашите праметри за пребарувања.

  2. Во полето „фирми“, изберете ја вашата затворена транспортна берза.

  3. Најдете ги ексклузивно објавените понуди на товари и ако има потреба поднесете ја вашата ценовна понуда.

de_fracht_suchen_gbg

Ова го велат нашите клиенти

Роџер Шварц-Transfrigoroute

Затворената транспортна берза им дава сигурност на членовите на TRANSFRIGOROUTE да работат со „добро познати експерти“ и на тој начин ја промовира соработката меѓу нив.

Роџер Шварц 

Управител на TRANSFRIGOROUTE

нагоре