За од задоцнето плаќање не дојде до судски спор: TIMOCOM Inkasso

Праведноста и разбирањето обезбедуваат вашите деловни врски да продолжат да постојат. TIMOCOM Inkasso ве поддржува во ова: Ако вашите деловни партнери не плаќаат, можете да се потпрете на компетентна и сигурна помош.

Едноставно поднесување на налози

Поднесете ги вашите барања за наплата на долгови лесно и едноставно преку интернет за непосредна обработка.

Ефикасни стратегии

Сигурна обработка на вашите побарувања, за да можете целосно да се концентрирате на вашата основна дејност.

Високи транспортни трошоци

Со дипломатски решенија: Над 80% од сите меѓународни налози за наплата на долгови се успешно завршени.

Сигурен партнер

Компетентниот тим ќе ги реши вашите проблеми брзо, економично и вонсудски.

Inkasso International (Mеѓународна наплата на долгови)

Комуникација на 27 различни јазици ​​за оптимална обработка на вашите барања низ цела Европа.

Долгогодишна експертиза

Со официјално регулаторно одобрение од 2003 година: Искористете го нашето богато искуство.

Еве како: Обработка на налози за наплата на долгови со TIMOCOM

Соберете документи
Поднесете апликација
Преглед на апликацијата

Пресметајте ги вашите трошоци со калкулаторот за надоместоци

За секој налог се договара такса за обработка во висина од 25€. Во случај на успех, TIMOCOM на налогодавачот ќе му пресмета и премија за успешност, која дополнително се додава на таксата за обработка. Оваа пресметка се врши во согласност со законските одредби на RVG (Закон за наградување на адвокати). Пресметајте ги вашите давачки во само неколку чекори! 

Што велат нашите клиенти за TIMOCOM Inkasso

Ако сумата е голема и се сака вонсудски да се реши спорот, тогаш се исплаќа да се искористи оваа можност. […] Ако сумата е мала, тогаш нашиот интерес е уште поголем, за да нема дополнителни трошоци.

Елиза Вирвих, Mega Pol Trans 

timocom-success-story-mega-pol-trans-eliza-wyrwich

Имаме одлична соработка. Нашите дописи се обработуваат во рок од 1 до 2 дена. Кај особено тешки случаи за наплата добиваме и предлози како ваквите поединечни случаи можат да бидат решени колку што е можно побрзо.

Золтан Јоос, Karzol Trans 

timocom-ZoltanJops-KarzolTrans

Нашата фирма е целосно задоволна со услугата Inkasso International на TIMOCOM а јас само можам да ја препорачам на клиентите на TIMOCOM! На фирмите им обезбедува еден вид на безбедност, тие знаат дека се во добри раце.

Кити Хатвани, MEM BAU Srl. 

timocom-success-story-mem-bau-kitti-hatvani

Може да разговараме за повеќе успешни приказни, процентот на успешност изнесува точно 93,75 %. Имавме многу случаи каде со Ваша помош успеавме да наплатиме износи повисоки и од 10.000 Евра.

Цаба Торок, Hermes Forwards Srl. 

timocom-success-story-hermes-forwards-csaba-toeroek

„Стопостотна сигурност не постои, ама благодарение на канцеларијата за наплата на долгови на TIMOCOM, на крајот можеме да ги завршиме успешно најголемиот број на договори. Оваа услуга можам позитивно и со задоволство понатаму да ја препорачам.

Патрик Андрес, Spedition Günther Andres e.K. 

timocom-success-story-spedition-guenther-andres-patrick-andres

Често поставувани прашања за TIMOCOM Inkasso International

Да, услугата за наплата на долгови е на располагање за сите клиенти на TIMOCOM. Ако сè уште не сте потпишале договор, можете да се регистрирате овде

Не. Нашиот тим ќе биде среќен да ви помогне со сите отворени побарувања кои не настанале со користење на TIMOCOM Road Freight Marketplace. Доделете го вашиот случај за наплата на долгови сега тука.

Стапката на успех е поголема од 80% од успешно посредуваните случаи.

Наплаќаме надомест за обработка од 25€. Само во случај на успех, наплаќаме дополнителна премија за нашиот ангажман, која зависи од износот на побарувањето. Ова премија е во рамките на германските закони за давачки и пред да се поднесе налогот може да се утврди износот со помош на нашиот калкулатор за надоместоци.

Во основа, се применуваат правните принципи за штети предизвикани од одложување, соодветно на Директивата на ЕУ 2011/7 / ЕУ. Треба да доведе до тоа, отворените побарувања да се плаќаат што побрзо. Од влегувањето во сила на оваа директива во земјите на ЕУ, се применуваат нови права и обврски во случај на задоцнето плаќање. За доверителите и должниците, важи следново:

Фактурите кон претприемачите автоматски се сметаат за заостанати долгови 30 дена по датумот на доспевање. Условите за плаќање над 60 дена се дозволени само во исклучителни случаи. Ако сепак се дојде до доцнење на плаќањето, доверителот може од должникот да побара одредени трошоци за наплата на своето побарување, како и затезна камата.

Во трошоците за наплата може да се вклучат трошоците за опомени што се резултат на доцнењето на плаќањето, како и трошоците за наплата на долговите, адвокат или известувањета за опомените. За доверителите, тоа значи дека тие ќе можат да си ги повратат трошоците за услугата за наплата на долгови. Во трошоците што се надоместуваат вклучен е и надоместокот што се плаќа во случај на успех. Ова значи, дека доверителот може да бара од должникот да ги плати сите трошоци за наплата, основната такса, вклучително и надоместокот за успех,доколку побарувањето е ненаплатено, а должникот е одговорен за неисполнувањето на обврската.

Важно е, овие правила да се применуваат само за фактури,  

  • кои се засноваат на договорена услуга, значи не за штета или двојно плаќање,
  • каде одложувањето може да се докаже и
  • должникот е со седиште во ЕУ.

Веќе не е потребен потсетник или слично барање за плаќање од страна на доверителот, но може да се направи доброволно и сèуште е многу корисно и препорачано за воопшто не се дојде до ова.  

Нашиот тим за наплата на долгови е активен во цела Европа и нашата услуга ви се нуди на следните јазици:

Бугарски (BG)

Дански (DA)

Германски (DE)

Англиски (EN)

Фински (FI)

Француски (FR)

Грчки (EL)

Италијански (IT)

Хрватски (HR)

Латвиски (LV)

Литвански (LT)

Македонски (МК)

Холандски (NL)

Норвешки (NO)

Полски (PL)

Португалски (PT)

Романски (RO)

Руски (RU)

Шведски (SV)

Српски (SR)

Словачки (SK)

Словенечки (SL)

Шпански (ES)

Чешка (CS)

Турски (TR)

Украински (UA)

Унгарски (HU) 

Да, TIMOCOM Inkasso за наплата на долгови работи и на меѓународен план, пред се низ цела Европа, на вашиот мајчин јазик. Случаите за наплата на долгови во странство не се проблем за нас.

Во случај на банкрот, средствата на должникот обично се ставаат под управа на стечаен суд или надворешен администратор. Тој управува со побарувањата и се грижи за распределба на преостанатите средства. Ова осигурува дека не само доверителите кои се блиски со должникот ќе дојдат побрзо на ред, туку дека сите доверители ќе бидат третираани колку што е можно подеднакво.

Секоја држава има посебна постапка во која доверителот го регистрира своето побарување. Препорачуваме веднаш да го регистрирате побарувањето кај стечајната управа, за да во постапката се сметате како доверител и да не го намалите преостанатиот износ за трошоците на постапката.

Нашата цел е да ги поддржиме доверителите во извршувањето на нивните легитимни побарувања. Во случај на потешкотии кај должникот, на пример може да се склучат договори, како што се плаќања на рати, така што доверителот сè уште ќе ги добие своите пари. Во исто време, TIMOCOM на дигиталниот пазар на своите клиент им дава доверба дека ќе бидат спречени понатамошните долгови.

Ако корисникот не сака да плати без да даде причина, ова однесување е во спротивност со критериумите за квалитет на TIMOCOM. Затоа не е дозволено да останат во мрежата на проверени клиенти.

Следните документи мора да бидат доставени: Транспортен налог, испратница, фактура и последната опомена за плаќање.

Вашата нарачка ќе биде прегледана од TIMOCOM Inkasso. Потоа еден од нашите колеги ќе ве контактира.

Мора да поминат најмалку 30 дена откако побарувањето станало доспеано.

Можно е да се додадат повеќе фактури од еден должник во апликацијата.

нагоре