TIMOCOM транспортен барометар: Негативно расположение и покрај позитивните прогнози за транспортниот пазар во 2025 година? (DE)
Сезонски пад на понудите со товари во четвртиот квартал (Q4), но значително над нивото од претходната година и добри прогнози за европскиот патен товарен транспорт.
2024 година заврши со благо намалена понуда на товар поради сезонски фактори, но побарувачката за транспорт во Европа е и останува висока. Секој што побарал камионски превоз помеѓу Божиќ и Нова година морал малку подлабоко да се брцне во својот џеб... Во 2025 година, трошоците за патниот товарен транспорт, а со тоа и цените на транспортот ќе продолжат да растат.
На крајот на годината, односот на понуди со товари и товарен простор не достигна рамнотежа: Уделот на понуди со товари беше континуирано над 70% до и заклучно со декември и го надмина бројот на камиони кои бе на располагање. Во четвртиот квартал (Q4) од 2024 година во Европа имало вкупно 79% повеќе понуди со товари отколку во претходната година. Во текот на 2024 година, огромната побарувачка доведе до речиси удвојување на понудите со товари објавени во дневната понуда на дигиталниот пазар на TIMOCOM (+92%). Според анализите на Transport Intelligence Ltd., индустриите како што се е-трговија, производство и малопродажба ја поттикнаа оваа побарувачка бидејќи компаниите ги надополнуваа своите залихи и транспортираа стоки во границите на своите земји.
Транспортниот пазар во Германија
Во цела 2024 година, на германскиот национален транспортен пазар се регистрирани вкупно 70% повеќе понуди со товари отколку во 2023 година. Во Германија, и покрај стагнирачкиот економски развој, во четвртиот квартал (Q4) е забележан раст од 59% на понудите со товари во однос на истиот квартал од претходната година. „Некои шпедитери и превозници можеа да профитираат од божиќниот бизнис, но генерално секторот за транспорт и логистика гледа песимистички кон следните месеци“, вели Гунар Гбурек Раководител на деловни прашања во TIMOCOM. Според институтот ifo, само една од осум компании во Германија очекува подобар бизнис во 2025 година.

Понудите за товарен простор се намалени за 12% во споредба со претходната година
12% помалку понуди на товарен простор отколку во претходната година
Во 2024 година, бројот на понуди со товарен простор објавени на дигиталниот пазар на TIMOCOM се намали за 12% во споредба со претходната година. Причините за тоа се веќе познатиот недостиг на возачи, кој во моментов ги ограничува капацитетите, но и зголемените трошоци кои не можат да се компенсираат. Во изминатиот квартал, во октомври имаше зголемување на понуди со товарен простор, кога побарувачката беше повисока во споредба со истиот месец минатата година (+6%), но севкупно имаше 3% помалку камиони во четвртиот квартал (Q4) на пазарот TIMOCOM отколку во истиот квартал минатата година.
Според анкетите на Институтот за економски истражувања (IW), само компании од седум сектори планираат да вработат нови вработени оваа година. Тие вклучуваат шпедитери кои сакаат да ги прошират своите човечки ресурси. „Според тоа, надежите на транспортните компании за подобар бизнис го надминуваат генерално претпазливото економско расположение“, заклучува Гунар Гбурек.
барани транспортни средства во патниот товарен транспорт 2024 година
Камион со покривка и странични завеси (Curtainsider т.е Tautliner)е се убедливо најчесто бараните транспортни единици кај понудите со товари во 2024 година. Овие надградби на полуприколки минатата година беа барани во 60,3% од понудите со товари. На второ место се мега приколките или џамбо камионите со 18,6%, веднаш потоа термо камионите и приколките со ладилници со 13,2%.

Најчесто бараните надградби на полуприколки во 2024 година
Понудените цени и предлози за цени на високо ниво пред крајот на годината
Ограничената достапност на просторот за товарење го прави расположивиот камионски простор многу скап. Во логистичката индустрија се преговара тешко за цените Во зависност од растојанието и барањата, варираат достапноста а со тоа и понудената цена на клиентот, како и предлозите за цени на потенцијалните изведувачи. Тоа беше многу очигледно во четвртиот квартал. Цените на транспортот понудени низ Европа од октомври до католички Божиќ беа во просек помеѓу 1,44 евра/км и 1,74 евра/км и пораснаа за околу 20% во последните две недели од декември во споредба со претходните недели. Значи, ако сакавте да испратите камион полн со товар непосредно пред празниците или во деновите помеѓу Божиќ и Нова Година, требаше да понудите нешто повеќе. Низ Европа, бараните цени се зголемени во просек до 16,5% во споредба со истиот квартал минатата година. Цената што ја бараа транспортерите беше во просек и до 18% повисока од истиот квартал од претходната година. Во Германија, цените на транспортот беа во просек помеѓу 1,60 евра/км и 1,86 евра/км. За ова придонесе и неодамнешното зголемување на трошоците за дизелот.
Прогноза за тековната година 2025
За првиот квартал од 2025 година се очекува да продолжи високата транспортна побарувачка во дневната понуда, бидејќи се избегнуваат долгорочни договорни односи поради неизвесната иднина. Соодносот товари и товарен простор не се очекува да падне под 65:35. „Бидејќи Велигденските празници се еден месец подоцна оваа година, побарувачката нема повторно да се зголеми до април, што значи дека уделот со понудени товари ќе се зголеми на над 70%,“ предвидува Гунар Гбурек од TIMOCOM. „Цените на транспортот, исто така, ќе растат како што побарувачката ќе се зголемува, не само за да се компензира за значително зголемените трошоци за CO2 и трошоците за патарина.
Аналитичарите во Transport Intelligence очекуваат европскиот патен товарен транспорт во 2025 година вкупно и да порасне во реални услов за 2,0% и да достигне вредност од над 436 милијарди евра до 2025 година. „Генерално, работите не изгледаат толку мрачни за европскиот транспортен сектор. Но, под знак прашалник е дали германските логистички компании, кои главно работат на националниот пазар, ќе имаат корист од ова, бидејќи овде во моментов има стагнација“, вели Гунар Гбурек.