TIMOCOM транспортен барометар: Tранспортните цени повторно ќе се намалат во наредните недели по зголемувањето од пред католичкиот Велигден
Побарувачката за транспорт остана висока во првиот квартал од 2024 година. На дигиталниот пазар на TIMOCOM имаше повеќе од двојно повеќе понуди на товари отколку во истиот квартал од претходната година.
Наспроти негативното расположение кон почетокот на годината, во Q1 многу позитивно се развиваше транспортниот пазар. Во апсолутна смисла, понудите со товари беа значително над претходниот квартал (+30%) и речиси го достигнаа нивото од 2022 година. Во Европа, на дигиталниот пазар на TIMOCOM беа објавени повеќе од двојно повеќе понуди на товари отколку во Q1 2023 година (+106%). Посебно пред католичкиот Велигден, бројот на понудите и цените значително пораснаа во однос на претходната година.
Побарувачката за транспортни капацитети остана многу висока дури и во вообичаено слабиот месец февруари. Не се оствари остриот пад на транспортниот пазар што многумина го очекуваа. Од една страна, затоа што бројот на слободните возила е намален затоа што многу превозници ставија делови од својот капацитет во мирување или не ги зголемија капацитетите. Така, 28% помалку слободни камиони беа понудени на дигитланиот пазар на TIMOCOM во Q1 2024 година отколку во првиот квартал од 2023 година. Од друга страна, економскиот пад не беше толку еклатантен како што се стравуваше кон крајот на годината. Во споредба со претходниот квартал, во кој божиќниот бизнис беше традиционално силен, пред католичкиот Велигден беа генерирани уште 30% повеќе понуди со товари.
Пред католичкиот Велигден се зголемија цените за превоз
Во просек, цените на понудените товари во Европа беа за 6,2% повисоки отколку во истиот квартал од претходната година. „Со оглед на зголемените трошоци за патарини, персонал и енергија, ова е умерено зголемување“, вели Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања во TIMOCOM, коментирајќи го развојот на цените. Зголемувањето на цените на товарите се должи на сезонски причини поради зголемената побарувачка во неделите пред католичкиот Велигден, бидејќи особено трговците во овие денови очекуваат дополнителни испораки. Во некои случаи овде понудените цени беа и до 16% повисоки од претходната година. „Порастот на цените во март се очекува да опадне во вториот квартал на 2024 година, меѓу другото, поради тешките преговори за цените во дневната понуда на берзата, а цените на товарите, следствено, повторно ќе паднат. Сепак, може да се претпостави дека во просек цената по километар ќе биде повисока од понудените цени во 2023 година“, вели Гбурек.
Расположението меѓу компаниите е подобрено
И во Германија, транспортните понуди значително се зголемија во првиот квартал од 2024 година. Зголемувањето од 102% во однос на истиот квартал од претходната година е извонреден пораст и покрај лошите економски прогнози, иако споредливиот квартал од 2023 година беше особено слаб. Значително се подобри расположението меѓу компаниите во Германија. Бројките објавени од институтот Ifo на крајот на март може да се толкуваат како пресвртна точка. Ifo-индексот на бизнис климата се зголеми на 87,8 поени во март од 85,7 поени во февруари. Очекувањата на компаниите се исто така помалку песимистички од предходно. Особено анкетираните во областа на транспортот и логистиката, како и во угостителската индустрија сега се многу посигурни.
До јуни економско закрепнување и висока побарувачка.
Германската надворешна трговија забележа изненадувачки силен раст во првиот квартал од оваа година. Извозот порасна повеќе отколку во последните три и пол години. Ова значи дека побарувачката за транспорт се очекува да остане висока и до вклучително јуни. „Транспортната индустрија зависи од економскиот развој“, вели Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања во TIMOCOM. „Позитивниот тренд во размената на стоки во Европа се рефлектира во бројките за испорака на стоки и ќе продолжи во текот на летото, уделот на понуди со товари на транспортниот барометар на TIMOCOM ќе биде околу 75% месечен просек., со мали флуктуации. Економското закрепнување во многу европски земји има поголемо влијание на ова отколку ставање на мирување и недостатокот на транспортни капацитети. Падот на инфлацијата и падот на цените на енергијата претставуваат добри услови за континуиран позитивен развој за сите страни.
Повеќе информации за моменталната ситуација на транспортниот пазар и транспортниот барометар може да најдете тука.