Транспортен барометар К4: Анализа на европскиот патен товарен транспорт и прогнозите за 2024 година
Побарувачката за транспортни капацитети не се намали и прогнозата за 2024 година е со вредности над нивото од претходната година - со еден исклучок.
Во четвртиот квартал од 2023 година имало вкупно 18% повеќе понуди со товари отколку во претходната година. Ова зголемување кон крајот на годината се должи, меѓу другото, и на фактот дека побарувачката се зголеми, особено поради сезонските активности како што се божиќните продажби, надополнувањето на залихите и зголемената активност на потрошувачите пред празниците. Како што многу транспортни компании ги намалија своите капацитети, соодносот на товари и товаррн простор е видливо зголемен, како што покажува транспортниот барометар на TIMOCOM.
Во годишниот преглед помалку апсолутни понуди со товари
Севкупно, 2023 година се карактеризира со значителен пад на обемот понуди со товари во дневната понуда на берзата. Низ цела Европа, минатата година понудите со товари се намалија за 31%, а во Германија за дури 40%. Ова укажува дека економската криза што минатата година ја очекуваат многу економски институти од почетокот на 2023 година, беше забележлива и на транспортниот пазар.
Спротивно на тоа, во четвртиот квартал пораснаа транспортните цени понудени на германскиот пазар. Цените за камионски транспорт овде беа и до 10% над вредностите од претходната година, но под највисоките вредности од 2021 година. Ваквиот развој првенствено се должи на зголемените плати и трошоците за енергија. Покрај тоа, транспортерите ги намалија понудите со камионски простор за вкупно 15,3% во четвртиот квартал во споредба со истиот квартал минатата година. Во декември беа понудени за 21% помалку слободен камионски простор отколку во претходната година.
Во пролет следи развој на цените и зголемување на барањата за транспорт.
Според здруженијата за транспорт, цените на транспортот ќе мора значително да пораснат во 2024 година. Проценките сугерираат зголемување и до 12%, поттикнато од дополнителните трошоци, особено зголемените такси за патарините во Германија.
„Многу испраќачи не веруваат во толку големи зголемувања“, известува Гунар Гбурек. „Тие претпоставуваат зголемување на цените од максимум 6%. Овие различни проценки ќе доведат до тешки преговори меѓу налогодавачите и налогоземачите“.
Во февруари се очекува годишниот минимум на понуди со товари
Врз основа на долгорочни набљудувања и анализи, може да се претпостави дека во јануари и март 2024 година побарувачката за товарен простор ќе биде над вредностите од претходната година. Во февруари се очекува привремено најниско ниво за годината. Овој развој ќе биде забележан во речиси сите европски земји и ќе го зголеми притисокот врз цените на товарите.
Од март натаму, искуството покажува дека потребите за транспорт повторно ќе се зголемат и ќе доведат до соодветно зголемување на уделот на товарот. До јуни, побарувачката за транспортен капацитет низ Европа би можела да остане на стабилно ниво и да го надмине односот на товарите и товарниот простор од 60:40 (види ја прогнозата на графиконот). Сепак, најверојатно нема да се постигнат вредностите од 2021 и 2022 година.
Транспортниот барометар на TIMOCOM го отсликува развојот на патниот товарен транспорт во Европа. Податоците даваат добро основан преглед на тековните промени на транспортниот пазар и овозможуваат реални изгледи за наредната година.