Голем пораст за дигитализација на логистиката
TIMOCOM објавува огромен раст на клиентите - повеќе од 50.000 клиенти го користат Smart Logistics системот на FreightTech компанијата.
FreightTech компании на актерите во логистиката им нудат дигитална поддршка во управувањето со логистичките процеси. Токму тоа го прави Smart Logistics системот на TIMOCOM и ги придружува клиентите од започнување на деловните активности до спроведување на плаќања. Сè повеќе учесници на пазарот ја користат оваа услуга. ИТ компанијата неодамна ја надмина границата од 50.000 клиенти и е задоволна од константната доверба во логистичката индустрија: „Ова е значаен момент во историја на компанијата и важен чекор на патот кон нашата визија за свет без логистички предизвици“, коментира Тим Тиерман, управен партнер на TIMOCOM.
„Во изминатите две години енормно е зголемена подготвеноста за дигитализирање поради новонастанатите вонредни околности. Ова може да се види и кај зголемувањето на бројот на нашите клиенти“, вели Тим Тиерман, управен партнер на TIMOCOM. „Да се обезбеди сигурна платформа на која може да се најдат нови деловни партнери и да се поедностават работните процеси е и ќе остане наш стремеж.“ Фактот дека FreightTech цвета не се одразува само на деловните бројки на TIMOCOM: Fraunhofer SCS откри дека поголемиот дел од околу 350 логистички стартапи кои сега ги нудат своите услуги во земјите од германско говорно подрачје нудат технологија или услуги кои поддржуваат логистички услуги.
Транспортниот пазар останува тензичен
Smart Logistics системot на TIMOCOM на актерите во логистиката им нуди дигитална поддршка во управувањето со логистичките процеси - од започнување на деловните активности до спроведување на плаќања. Секојдневно се објавуваат и до 800.000 понуди на товари и товарен простор од повеќе од 135.000 корисници на берзата. Во 2021 година честопати имаше и над 1 милион на ден меѓународни понуди со товари за кои во системот се пребаруваше соодветен простор за товарење. Покрај тоа, повеќе од 175.000 камиони беа следени преку системот во текот на годината и беа пресметани речиси 37 милиони релации.
Логистиката добива на значење, што се должи и на од неодамна многу напнатата состојба на транспортниот пазар. „Предизвиците од недостигот на возачи и скудните транспортни капацитети ќе продолжат да ја окупираат глобалната економија и во наредната година“, вели Гунар Гбурек, Head of Business Affairs. Затоа TIMOCOM нуди едноставни и флексибилни решенија за да се спротивстави на тесните грла во транспортот и испораката во товарниот патен сообраќај.
Повеќе информации за TIMOCOM ќе најдете на www.mk.timocom.com