Пристигна функцијата за евалуација!
FreightTech компанијата TIMOCOM воведува оценување со 5 ѕвезди
TIMOCOM сега нуди функција за евалуација на деловните партнери во својот Smart Logistics систем. Со тоа ИТ компанијата не само што исполнува една голема желба на своите клиенти, туку создава дополнителна додадена вредност во својот Smart Logistics систем. „Приватно, ретко кога донесуваме одлука за купување без претходно да ги погледнеме оценките од други купувачи. Нашите клиенти сега можат да ги вклучат и мислењата на трети страни при изборот на нивните деловни партнери“, вели Гунар Гбурек, Head of Business Affairs во TIMOCOM.
За оценките да бидат релевантни за мрежата како целина, тие мора да бидат фер и искрени. Затоа, новата функција за евалуација е поврзана со апликацијата за транспортни налози и креирањето на налог за транспорт. Гбурек: „На овој начин можеме да се осигураме дека само корисниците кои се или биле во деловен однос ќе може да се оценуваат.“ Налогодавачот ќе може да ја оцени комуникацијата со договорниот партнер, навременоста при утоварот и истоварот и ракувањето со стоката и документите. Налогоземачот ја оценува не само комуникацијата, туку и правичноста на договорените одредби и навременоста на плаќањето.
Условите на плаќање дозволуваат долги периоди на евалуација
Во принцип, секој корисник може да ги оценува своите деловни партнери се додека е во контакт со нив преку апликацијата за транспортни налози. Функцијата се активира веднаш штом ќе се изврши превозот, односно превезената стока е истоварена. Деловните партнери можат да се оценат себеси и до 104 дена по истоварот. „Со оглед на долгите временски рокови за плаќање во логистиката, на нашите клиенти им даваме соодветен временски прозорец за меѓусебната евалуација“, објаснува Гбурек. „На крајот на краиштата, факторот на плаќање е фундаментален за задоволството на давателот на транспортната услуга.“
Сега на корисниците на системот може да им се потврди квалитетот и доверливоста од страна на нивните деловни партнери. А тие кои бараат нови деловни партнери можат да ги вклучат искуствата на другите компании во нивниот процес на донесување одлуки. „Возбудени сме да видиме како новата функција ќе биде прифатена од нашите клиенти“, вели Гбурек.
Повеќе информации за функцијата за евалуација може да најдете овде