14.01.2021

Smart Logistics е најсилиот лост за заштеда на трошоци и раст

Интелигентните поврзувања во транспортната и логистичката индустрија се поважни од кога било

Smart Logistics ги намалува трошоците во синџирот на снабдување.

Smart Logistics ги намалува трошоците во синџирот на снабдување. Тоа е резултат од студијата на консултантската фирма PwC. Но, што се подразбира под тој поим и што значи тоа конкретно за логистичките процеси? Во оваа статија покажуваме колку за логистиката е важно интелигентното вмрежување за  и како вие, како компанија, можете да го имплементирате.

Во последниве неколлку години,  и дигитализацијата  исто така придонесе за значајни оптимизации на процесите во  логистичката индустрија . Притоа   беа применети голем број технолошки иновации за подобрување на процесите и активностите.   Вештачката интелигенција  се повеќе се користи во логистиката на складиштата, превземањето на стоките станува сè поавтоматизирано и процесот на размена на палети, кој сè уште е склон кон грешки  , станува сè поочигледено дигитализиран. Ова се само неколку примери кои покажуваат  колку веќе  дигитализација  ги поедноставува и забрзува процесите

 

Паметни поврзувања како клуч за ефикасен синџир на снабдување

 

Не станува збор само за дигитализирање на досегашните процеси, туку и за нивно поврзување едни со други. Smart Logistics значи интелигентна врска помеѓу транспортерите, шпедитерите, производителите и крајните потрошувачи - како и програмите и системите што ги користат.  Само тогаш е можна интерактивност и ефикасно планирање надвор од границите на вашата сопствена компанија.

Бидејќи тие ретко работат сами, туку безмалку секогаш заедно со партнери како што се шпедитери, транспортни компании или даватели на услуги во складишта. Ова има економска смисла, особено за производството, која повеќе нема сопствен транспорт и на пример повеќе не мора да ја одржува сопствената флота. Но со тоа, за компаниите, се зголемува бројот на партнери и надворешни работни процеси што треба да се координираат за да се испорача стоката. Во иднина, ќе биде уште поважно целосно да се поврзат системите во и надвор од компанијата. Smart Logistics  е клучот за интелигентна логистика.

 

Ефикасен синџир на снабдување како клуч за намалување на трошоците

 

 Во студија   направена од консултантот „PricewaterhouseCoope“ или накратко PwC  , што се појави во април 2020 година, повеќе од 1.600 менаџери од 33 земји беа прашани за идните случувања.  Учесниците посочија дека најважната задача за во иднина е да се зголеми ефикасноста на синџирот на снабдување. За да може да се реагира на постојаното менување на побарувањата на пазарот, на пример, поради ширењето накорона вирусот  и на произлезените ефектите од тоа, неопходни се целосно мрежни екосистеми на снабдувачки синџири за да се остане успешен.

Бидејќи е позната важноста на извонредноста на синџирот на снабдување, анкетираните компании инвестирале многу во неа. Во финансиската година 2019 година, ова доведе до поголема продажба и

пониски трошоци од скоро 7 проценти во споредба со претходната година. Повеќе од 50 проценти од анкетираните кои претходно инвестирале во извонредност на синџирот на снабдување изјавиле дека ова има позитивен, па дури и многу позитивен ефект врз нивната компанија. Тие гледат на Smart Logistics  како најсилен лост за заштеда на трошоците и за раст. 59 проценти планираат да продолжат да инвестираат во паметна логистика.

 

Не е само сива теорија: Smart Logistics во праксата

 

Според студијата на PwC, ефикасноста на синџирот на снабдување значи и дека товарот се нуди на целосно мрежен пазар на транспорт со цел да се добие најдобра цена и што е можно побрзо да се најде превозник.

Совпаѓањето се одвива преку дигитален партнер кој овозможува автоматизирани процеси помеѓу деловните партнери. TIMOCOM веќе делумно ја спроведе оваа визија во логистиката. Преку  ИТ интерфејсите, т.н. API, на другите партнери   може значително да се забрзаат логистичките процеси и да ги направат поефикасни.  На пример, благодарение на интерфејсот траснпортна берза, партнерските компании можат да бараат и нудат товари и товарен простор во траснпортна берза на Smart Logistics систем на TIMOCOM од нивниот интерен софтвер за логистика . Двојно влегување во два система Во тој случај веќе не е потребно двојно работење во два система. Заштеденото време е огромно.

 

Паметна поддршка дури и во несигурни времиња

 

Дополнително, студијата на PwC покажува дека интелигентните поврзувања во транспортната и логистичката индустрија се поважни од кога било. А сепак: „Помалите компании често бегаат од високите инвестициски трошоци“, вели Штефан Шрауф, партнер и раководител на операции и снабдувачки синџири  Европа во PwC. И притоа ен се мисли само на пари. За успешно спроведување на ефикасноста на синџирот на снабдување, консултантот советува не само интеграција на нови ИТ технологии во компанијата, туку и целосна трансформација на претходните процеси. Системите како што е тие од TIMOCOM, нудат технички предности без да ги прикажат монетарни или оперативни недостатоци.

За администрација и оптимизација на логистичките процеси, особено е важно да се обезбеди непречена интеграција на постојните партнери во целиот циклус на логистиката.  Со беспрекорно поврзување на оваа мрежа, компаниите можат да ја трансформираат својата логистичка мрежа во конкурентска предност  и тоа им помага подобро да ги исполнат различните побарувања на пазарот.

Особено за време на корона пандемијата јасно е колку брзо и драстично може да се променат ситуациите на пазарот. Затоа е важно да се инвестира во ефикасноста на синџирот на снабдување за да може компанијата да продолжи да работи на агилен и флексибилен начин.

Доколку сте љубопитни за Smart Logistics систем од TIMOCOM и другите услуги на давателот на ИТ услуги, можете

Информирајте се овде

Преземете го соопштението за печат
нагоре