Редуцирајте го отпечатокот на CO2 - во 4 чекори до долгорочна оптимизација
На овој начин, транспортните и логистичките компании можат да иницираат намалување на CO2 и да обезбедат одржливи конкурентни предности.
25% од патниот транспорт во Германија се одвива со празни камиони, а во 62% камионите не се целосно искористени. Во исто време, според списанието CHEManager, логистиката предизвикува околу 6% од европските емисии на CO2. Компаниите вклучени во синџирот на снабдување се под притисок од партнерите, општеството и политиката да дејствуваат докажано одржливо. Дознајте вотекстот како можете на предизвиците да гледате како можност и да го искористите вашиот јаглероден отпечаток како конкурентна предност.
Од 2025 година, Европската унија ќе ги обврзе компаниите да го намалат билансот на CO2 со цел да се запрат климатските промени, да се земат предвид обврските од Парискиот климатски договор и да се намалат стакленичките гасови. На почетокот на дебатата за одржливи синџири на снабдување е сопствено разбирање. Затоа, преиспитувањето на сопствените еколошки активности е задолжително и не завршува со компензација на CO2.
На ова се надоврзува блог серијата на TIMOCOM „Одржлива логистика“. Ние ќе ви обезбедиме информации за сите аспекти од сложената предметна област и ќе ве поддржиме во надминување на предизвиците што ги носи одржливата логистика.
Четирите чекори за намалување на CO2 во синџирите на снабдување
Само оние кои ги знаат нивните емисии долж синџирот на снабдување можат да дејствуваат целисходно. За да се направи ова, податоците мора да се собираат, проценуваат транспарентно и идеално да се доделат на партнерски компании или индивидуални испораки.
Фаза 1 – Испитување на 3-те сектори за јаглеродниот отпечаток
За анализа на еколошкиот отпечаток, компаниите треба да ги разгледаат нивните синџири на снабдување во три главни сектори
- Сектор 1: директни емисии, предизвикани од вашиот сопствен возен парк, производствени капацитети, магацини или продавници
- Сектор 2: индиректни емисии што се набавуваат и се користат надворешно, како на пр. електрична енергија, нафта и гас за работа на деловните простории и производните капацитети
- Сектор 3: индиректни емисии, што влијаат пред и после процесите и зема предвид сè што се троши од суровината до купувачот, на пример, купените суровини, енергијата, транспортните трошоци и трошоците за отстранување, изнајмената инфраструктура, како и емисиите од службени патувања, транспорт, отстранување или трошоци за рециклирање готови производи и инвестиции во партнери или фирми-ќерки.
Фаза 2 – собирање податоци од транспортите
Најдоцна од 1 јануари 2023 година, компаниите со 3.000 или повеќе вработени мора да презентираат податоци за реалната потрошувачка за нивниот биланс на CO2. Податоците мора да се пренесат до сојузната служба за економија и контрола на извозот (БАФА) најдоцна четири месеци по завршувањето на соодветната финансиска година, во спротивно постои опасност од казни. Во врска со ова исто така ќе треба да се вршат проверки. За транспорти, минимумот е податокот за потеклото и дестинацијата на товарот. Вредни се прецизни податоци за потрошувачката, на пример потрошувачката на дизел на поединечни релации.
Фаза 3 - Пресметка на стакленички гасови
Во 2014 основаниот интернационален„Global Logistics Emissions Council (GLEC)“ги дополнува постоечките методи на пресметка со нови стандарди и контролни механизми и ја стандардизира пресметката. Денес, овој метод е најчесто користен во светот и служи како основа за компаниите да ги пресметаат нивните стакленички гасови. Ако не сакате оваа пресметка мануелно да ја пресметувате, можете да користите дигитални помошници како што е партнерот на TIMOCOM.
Фаза 4 - Оптимизирање на сопствен баланс на CO2
Во идеален случај, треба да се отстранат сите чекори во процесот кои имаат висок баланс на CO2, а не се апсолутно неопходни или носат само мало зголемување на ефикасноста. После тоа, може да се извршат оптимизации на втората фаза, на пр. пократки растојанија помеѓу производствената и продажната локација, подобро испланирани рути или максимална искористеност на камионот.
Намалување на вашиот CO2 отпечаток - вашиот чекор кон одржлива корпоративна иднина
Уште во 2014 година, Европската унија ја препозна потребата за зголемување на ефикасноста во рамките на европската транспортна индустрија и тоа го нарече еден од трите суштински аспекти на патот кон климатска неутралност. Во стратешкиот документ вели:
„Зголемување на ефикасноста на сообраќајниот систем преку оптимална употреба на дигитални технологии, интелигентни цени и понатамошно промовирање на префрлување на начини на транспорт со пониски емисии“
Климатските промени се процес кој влијае на сите вклучени во синџирот на снабдување и бара големи инвестиции. Меѓутоа, со поглед кон иднината, на долг рок. тие ќе се исплатат. Многу компании не можат и не мора да бидат дел од првиот бран на иновации. Но сепак тие ќе треба што е можно побрзо да се подготват за иднината и уште денесда работат на ефикасноста и искористувањето на нивните флоти Затоа што не само што заштедува трошоци, туку и ја зголемува репутацијата меѓу деловните партнери и вработените.
TIMOCOM е партнер со алатката за анализа на CO2
Ние во TIMOCOM од април 2022 година соработуваме со компанијата BigMile, давателот на алатка за анализа на CO2 за транспортниот синџир. Заедничките клиенти имаат можност да го направат почетниот чекор кон неутралноста на CO2 или директно да влезат во подлабока анализа за да можат да извлечат конкретни оптимизации. Во интервјуто, Тобиас Хеслер, управен директор, го потврдува зголемувањето на угледот на компаниите кои дејствуваат одржливо. Причина за тоа, меѓу другото, се граничните вредности на CO2 кои во иднина ќе бидат вклучени во транспортните тендери, но и зголемените цени на CO2 и горенаведената обврска компаниите да обезбедат доказ од 2023 година.
Затоа, модерните компании ориентирани кон иднината треба да го пресметаат својот биланс на CO2 и идеално да можат да го одредат на конкретни клиенти или на конкретен товар. Затоа што покрај законската обврска кон ЛКСГ се зголемува и опшествениот притисок. Клиентите сакаат да знаат како се транспортираат нивните стоки и каков еколошки отпечаток купуваат. Ниските емисии и одржливото производство се важна конкурентска предност во многу индустрии, а во некои веќе се предуслов за зделки.