Недостаток на возачи на камиони во Европа – што сега?
Пронајдете камиони со TIMOCOM
Недостигот на возачи на камиони во Европа стана проблем во последните неколку години, влошувајќи се дополнително и од здравствената криза предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Побарувачката сега повторно се приближува до нивото од пред пандемијата и станува јасно: Дејноста сè уште не е свесна за важноста од справување со недостигот на работна сила.
Зошто нема доволно возачи на камиони во Европа?
Многу различни фактори ја комплицираат побарувачката на возачи на камиони во Европа; самиот сектор се правда со лошите услови за работа, ниските плати, зголемената побарувачка и можеби лошата слика за професијата кај младите луѓе и речиси непостоечкиот удел на жените во секторот.
Сите овие аспекти имаат негативно влијание врз синџирите на снабдување. Дополнително на оваа криза, што ја доживуваме додека повторно започнуваатактивностите по локдауните, галопирачката инфлација води до невобичаени зголемувања на цените на горивото и енергијата и воопшто константно зголемување на трошоците за живот.
Премалку камиони за транспорт
Недостигот од камиони за транспорт не е толку голем во Европа како што е во Обединетото Кралство, каде што на бензинските пумпи им беше потребна воена поддршка бидејќи камионите не пристигнуваа навреме за да ги наполнат резервоарите за складирање гориво. Според проценките на германските индустриски здруженија, во Европа има недостиг од околу 400.000 возачи на камиони.
Според секторот, тоа пред се води до општо незадоволство кај клиентите и се разбира до тесни грла, а тоа, меѓу другото, го отежнува уште една неповолна состојба во главните пристаништа во Европа, кои со седмици се соочуваат со преоптоварување на контенерските складишта.
Генералниот директор на Федералната асоцијација за патен транспорт, логистика и отстранување, Дирк-Енгелхард, исто така потврдува: „Во Германија и во целата ЕУ ги имаме истите тешкотии како Обединетото Кралство, само што таму тие се дополнително влошени со Брегзит.“ Значи, постои општа несигурност во однос на побарувачката за возачи на камиони и во наредните месеци и иднината на секторот.
Дополнителни грижи за дејноста се новиот „пакет за мобилност“ на Европската унија кој треба на среден рок да стапи на сила за да реши некои од преовладувачките проблеми и да ја направи професијата поатрактивна за жените, но од перспектива на дејноста со многу построги закони за работни односи за комерцијален патен транспорт.
На краток рок, се чини дека директно решение не е на повидок, особено што просечната возраст на сегашните возачи е над 50 години. Значи, имаме работа со дејност која е запоставена од големите клиенти, непривлечен за општеството и нуди лоши плати, но во исто време мора да ја покрие зголемената побарувачка, а со тоа и повеќе работа. Компаниите како TIMOCOM, кои пронаоѓаат слободни камиони, помагаат да се реши овој проблем.
Пронајдете камиони со TIMOCOM
TIMOCOM би сакал да го ублажи недостигот на возачи на камиони во Европа со транспортната берза што е достапна тука за секој што бара камиони за меѓународни релации. На оваа веб страна ќе најдете сеопфатен список на понуди, бидејќи клиентите можат да резервираат достапен товарен простор преку нашиот Smart Logistic систем.
Системот нуди пребарувач со понуди за товарни возила. Ова можете да го искористите+ за да најдете празно возило што одговара на вашиот понуден товар. Профитабилно и флексибилно решение за вашиот бизнис. И како понудувач на камионски товарен простор, можете да ги понудите вашите услуги, што значи дека можете да понудите празен товарен простор достапен на берзата за камиони.
Постапката е многу едноставна, бидејќи можете да ја наведете земјата на товарење и дестинација на камионот, како и типот на камион што ви треба (церада, ладилник, кипер итн.). Значи, станува збор за систем кој ги поврзува на европските возачи на камиони кои нудат достапен простор со клиентите на кои треба да им се транспортираат стоките.
Недостаток на возачи на камиони во Европа
Ако проблемот со недостигот на возачи на камиони не се реши на краток или среден рок, тоа може да доведе до пукнатини во синџирот на снабдување, како што беше речиси случајот со товарниот брод кој што се заглави во суецкиот Канал, и со тоа го поремети светскиот проток на стоки. Ова беше само еден брод заринкан на една од најпрометните морски патишта. Така, тешко е да се замисли што би се случило доколку се блокира и копнената рута, по која транспортот мораше да продолжи дури и за време на најстрогата фаза на заклучување во март и април 2020 година.
Во вакви времиња, компаниите како TIMOCOM помагаат да се зближат налогодавачите и налогоземачите што го олеснува пронаоѓањето на возачи на камиони.
Независно од тоа дали националните влади и ЕУ ги оптимизираат релевантните закони, копнениот товарен транспорт останува клучен сектор на економиите на сите земји-членки, кој е загрозен од моменталната неактивност на споменатите институции, кои не нудат мерки кои не само што ќе стават крај на кризата. туку не нудат ниту минимални стандарди во однос на условите за работа би можеле да се постигнат во сектор кој е клучен за одржување на економската стабилност и избегнување на недостигот на основните производи.
Карактеристичен е случајот со Канада, каде што стотици возачи на камиони блокираа граничен премин кон САД, предизвикувајќи загуби во милиони секој ден, особено за автомобилскиот сектор. Ако ситуацијата во транспортниот сектор не се подобри и не се олесни потрагата по возачи на камиони во Европа, не би било изненадување ако видиме слична ситуација и овде.
Секогаш запомнете дека можете да го контактирате тимот на TIMOCOM доколку имате какви било прашања. Среќни сме што можеме да ве советуваме во овие несигурни времиња, за да може вашата стока да стигне до својата дестинација или да можете да го наполните вашиот камион.