Прв избор за давател на услуги за транспорт – Carrier of Choice
Овие 9 совети брзо ќе ве направат прв избор како давател на транспортни услуги
Ефикасност , услуга и дигитализација - оваа комбинација е клучот за успехот за многу даватели на услуги. За транспортните компании , сепак, не е секогаш лесно да се внимава на сите три аспекти и истите професионално да се имплементираат. Бидејќи: Нивната основна компетенција е безбедниот и сигурен транспорт на товари. Со следните совети, транспортерите можат да станат прв избор како давател на транспортни услуги.
Во Smart Logistics системот на FreightTech фирмата TIMOCOM налогодавачите и налогоземачите од цела Европа се среќаваат во една заедничка мрежа. Широкото портфолио на апликации и услуги на давателот на логистичка ИТ услуга може да биде важна поддршка овде:
Добијте информации сега и тестирајте без обврска
9 совети за вашата репутација, задоволни партнери и одржливи деловни односи
Тоа е закон на пазарот: Понекогаш има повеќе товари отколку товарен простор. На пример, после несреќата на Ever Given во Суецкиот канал. Како резултат на тоа, транспротните цени растат и возачите можат да ги изберат своите наралози. Но, тогаш има и фази во кои има вишок простор за товар. Во таквите времиња цените паѓаат, и тогаш особено помалите транспортни компании се борат да преживеат.
Со овие совети се вооружувате против такви флуктуации, обезбедете го вашиот бизнис со предвидливост и може да станете „Carrier of Choice“ за вашите клиенти:
- Бидете дигитални
Бидете во текот со времето и искористете ги разновидните и постојано развивачки можности на модерните ИТ системи . Бидејќи светот на логистиката брзо станува дигитален, повеќе вмрежен и поагилен. Овој развој не само што им нуди на вашите клиенти, туку и вам мноштво олеснувања и можности за раст. Давателите на услуги за ИТ како што е TIMOCOM придаваат големо значење на поедноставувањето на пристапот до дигиталниот свет за сите учесници на пазарот, активно ги придружуваат на овој пат и помогнат да се обликуваат.
- Доставувајте на време и сигурно
Вашите клиенти го очекуваат токму тоа од вас. Сепак, најдоброто планирање нема да помогне ако наидете на сообраќаен метеж или се случи нешто непредвидено на патот. Користејќи го дигиталното следење на камиони во реално време, можете да ги споделите вашите податоци за позицијата со вашите партнери. На овој начин, не треба да се грижите за изговори и на пример, на истоварната рампа, можат подобро да се подготват за вашето време на пристигнување.
- Понудете безбедност
- Обезбедување на товарите (кратко: Ласи): Треба правилно да го обезбедите секој товар. Одвојте време пред да тргнете за да проверите дали се е соодветно обезбедено и складирано. Добар преглед за ова дава Verkehrsrundschau во нивниот LasiCheck.
- Сертификати : Добијте сертификат за сите области и услуги што се релевантни за вас и вашите клиенти. Така се позиционирате себеси како давател на услуги кој што се придржува до највисоките стандарди за квалитет и безбедност. Овде ќе најдете информации за најактуелните печати за квалитет и сертификати.
- Заштита на податоци : Кога станува збор за дигитални деловни односи, заштитата на податоците и автентичноста секогаш играат важна улога. Tака TIMOCOM на пример разви заштитна мрежа за оваа намена. Ова ги вклучува областите на безбедност на податоци, сигурност при плаќање и обемна проверка на нови корисници.
- Бидете проактивни
Пример: Ја надградивте вашата флота и сега имате повеќе капацитет отколку порано. Оптимизирајте ја вашата искористеност . Понудете го расположливиот товарен простор и известете ги навреме вашите партнери за слободните капацитети. Ова може да го рекламирате со тоа што ќе ги понудите вашите слободни капацитет за товар на транспортната берза.
- Исто така, безбедно комуницирајте меѓународно
Европа е повеќејазична. Неможноста сами да зборувате различни јазици, не мора да ве спречи да комуницирате со деловните партнери. Smart Logistics системот на TIMOCOM, на пример, ги нуди сите потребни услуги за деловни трансакции на 24 јазици. На овој начин избегнувате културни и јазични недоразбирања и исто така можете да прифатите задачи од партнери чиј јазик не го разбирате.
- Внимавајте на забраните за возење
Избегнувајте заобиколувања или долги сообраќајни метежи, што доведува до доцнења и со тоа до фрустрација кај клиентите и за вас. На www.Truckban.info бесплатно се ажурирани забраните за возење или специјални градилишта. И тоа ширум Европа.
- Планирајте однапред
Празните релации се скапи, загадуваат и може да се избегнат. Затоа, планирајте ги вашите реллации однапред. Најкраткиот пат помеѓу две точки не мора да биде и најефикасниот. Земете втор, па дури и трет налог и соберете дополнителни делумни товари на враќање, кои може оптимално да се поврзат со вашата маршрута. Или планирајте ги релациите поефикасно со однапред пресметување на трошоците за нив. И двете опции се нудат во апликацијата релации и трошоци во системот на TIMOCOM.
- Бидете достапни
Основата на добри деловни односи е комуникација. Не оставајте прашања без одговор, туку реагирајте навремено и намерно . Системите како тој на TIMOCOM имаат интегрирано функции за известување и месинџер, што може да биде од голема помош овде.
- Презентирајте се оптимално
Одржувањето на сопствената веб -страница на компанијата може да биде напорно. Но, проверка на релевантни документи како што се ЕУ лиценци , сертификати, осигурителни документи , деловната регистрација итн. е важно за многу од вашите партнерски компании. Докажете ја вашата доверливост и оставете оптимален впечаток уште од самиот почеток. Профилите на компанијата во Smart Logistics систем на TIMOCOM ви нудат едноставен и однапред дефиниран начин да се претставите на вистински начин.
Успешно се издвојувате од конкуренцијата , со помош на дигиталната поддршка
За да станете давател на услуги за транспорт како прв избор, има многу работи кои мора де се да се интегрираат во вашата секојдневна работа. Ако ги користите апликациите и услугите на TIMOCOM, исто така во секое време ја имате вистинската дигитална поддршка при рака: