Боми 10 Логистик: Водечка Инвестиција во Технолошки Напредок и Транспортна Ефикасност со TIMOCOM
Боми 10 Логистик е основана во Скопје во 1987 година со едно соло возило, како и кај сите почетоците се тешки и бараат упорност, истрајност, пожртвуваност и секако желба за работа и успех и постојано надградување и усовршување во дејноста. Денес компанијата има 130 вработени и има канцеларии во Скопје, Куманово и Табановце. Компанијата обезбедува широк спектар на светски логистички услуги како на домашен така и на меѓународен пазар , истотака располага со 3 магацини, 2 лоцирани во Скопје и 1 во Куманово.
Поради специфичноста на дејноста со која се занимава нашата компанија следењето на трендовите е неминовно и е многу важно. Инвестирање во најновите технологии за да се обезбеди висок квалитет на услуги е еден од предизвиците на Боми 10 Логистик.
Боми 10 Логистик инвестира во најнови технологии, опрема, логистичка инфраструктура и дигитализација на процесите за да се обезбеди максимална ефикасност според меѓународните стандарди услуги.
Одлуката за Користење на TIMOCOM: Оптимизација на Превозите и Подобрување на Бизнис Процесите
Одлуката за користење на TIMOCOM берзата произлезе од потребата за полесно и побрзо пронаоѓање на превози и како и што напоменавме погоре за унапредување на процесите со цел да се обезбедат подобри услуги и да се развие и унапреди работењето на компанијата. Донесувањето на одлука за која берза да се одбере беше лесна и брза од причина што е меѓу првите ако не и прва транспортна платформа берза а и најдобра со најголем број на корисници во однос на останатите берзи.
Кога сме кај критиките многу порано требаше да овозможите веб пристап од било кој компјутер.
Како позитивни промени може да ги наведеме следниве: најважно за нас избегнување празни тури односно празни километри, следствено на тоа и поголем приход и заработка и помало стоење на возилата, придобиени нови клиенти и соработници.