Како вештачката интелигенција ја менува логистиката: Интервју за TIMOCOM AI
Интервју со менаџерот на производи Давид Мог за TIMOCOM AI.
Без разлика дали станува збор за кафематот што започнува со работа точно со алармот, персонализираната плејлиста или пресметувањето на времето на пристигнување за следната испорака: Вештачката интелигенција (ВИ) стана составен дел од приватниот живот и секојдневниот професионален живот. Добро е што е така! Бидејќи ВИ може да автоматизира рутински задачи и да ги оптимизира логистичките процеси долж синџирот на снабдување. Особено во логистиката 4.0 шпедициите, транспортерите и самостојните возачи се соочуваат со предизвикот брзо да реагираат и да обработат голем број податоци. Тука може да помогне вештачката интелигенција (ВИ).
Актуелен пример за тоа е TIMOCOM AI. Давид Мог, менаџерот на производи во TIMOCOM, зборува за тоа како вештачката интелигенција во логистиката го револуционизира креирањето понуди со товари и ја зголемува ефективноста во логистичката индустрија.
Дознајте повеќе за влијанието на вештачката интелигенција врз дигиталната трансформација на транспортната логистика во блог-интервјуто.
Предности на TIMOCOM AI за искусните корисници но и за новајлии во логистиката
TIMOCOM со воведувањето на TIMOCOM AI започна нова ера во управувањето со товари. Што може да направи оваа нова функција и како функционира?
Првата имплементирана функција е ВИ-поддржано внесување на товари. Со ова, корисниците можат побрзо и поефикасно да објавуваат понуди со товари . Откако ќе се кликне на „Генерирај“ во формуларот за понуди на товари, се појавува дијалог-прозорец. Тука може да се внесат информациите за товарите преку Copy & Paste или преку Drag & Drop, или да се аплоудира во форма на датотека.
Корисниците, на пример, го копираат текстот од е-пошта што ја добиле со транспотрниот налог. Или прават снимка од екранот и ја поставуваат. Или ги копираат и пренесуваат релевантните информации од Excel табела.
Вештачката интелигенција ги чита податоците од PDF документи, снимки од екранот или текстови од е-пошта – и автоматски создава понуда со товар врз основа на овие информации. Корисникот го проверува целото тоа уште еднаш, дали сè е во ред, и кликнува на „Објави“. Тоа значи дека TIMOCOM AI значително го намалува мануелниот труд. Може да се создадат понуди со товари за помалку од 20 секунди. Тоа значи големо поедноставување и заштеда на време.
Дали има други предности на TIMOCOM AI освен заштеда на време?
Дефинитивно. 4-те најважни предности покрај заштедата на време се:
- Квалитетот на податоците се подобрува. Информациите кои можеби сè уште недостасуваат се логично изведени од постоечките податоци. На пример: Ако корисникот внесе 10 палети, вештачката интелигенција знае дека тоа резултира со 4 товарни метри. Исто така, го одредува правилниот вид на надградбата, додава карактеристики на возилото што одговараат на товарот итн.
- Ова пак води до следната голема предност: TIMOCOM AI им помага на корисниците кои сè уште немаат голема логистичка експертиза правилно да ги пополнат понудите. Со оглед на недостигот на персонал во транспортната логистика, ова е уште еден важен чекор напред.
- Бидејќи понудите стануваат поцелосни, без грешки а со тоа подобри , затоа налогодавачите знаат точно што можат да очекуваат. Има помалку прашања за налогот - и во најдоброто сценарио, договорот се постигнува побрзо.
- Ги надминуваме и можните јазични бариери благодарение на интегрираната функција за превод . ВИ ја препознава содржината на сите јазици присутни на дигиталниот пазар и потоа може да ја преведе на јазикот што корисникот си го поставил за себе.
Ефикасно креирање на повеќе понуди со товари со TIMOCOM AI
Како точно изгледа ако некој сака да креира повеќе понуди истовремено?
Тоа е исто така можно. Сепак, се уште е во бета верзија. Во полето за понуди на товари има линк што води до најчесто поставувани прашања (FAQ). Таму е детално објаснето како функционираат збирните објави. Се презема плагин од Chrome прелистувачот , потоа се копираат транспортните податоци од повеќе понуди со товари истовремено (на пр., како скриншот од табела) и се кликнува на портокаловото копче „Generate Beta“. Понудите се вчитуваат и автоматски се објавуваат. Готово!
И тука повторно, чекор по чекор е објаснето како функционираат збирните објави на понуди за AI:
Повратни информации од тест-корисниците за новата функционалност.
Дали корисниците можеа претходно да го тестираат TIMOCOM AI? И каква беше реакцијата?
Повратните информации од корисниците кои претходно ја тестираа функционалноста беа генерално целосно позитивни. Без исклучок, сите испитани тест-корисници, односно навистина 100 %, можат да си претстават редовно да го користат TIMOCOM AI по неговото воведување. 93 % се согласија дека TIMOCOM AI значително го забрзува внесувањето на нивните понуди со товари. 86 % сеуверени дека TIMOCOM AI помага во избегнување на грешки.
Поглед во иднината: Натамошен развој во логистиката поддржана од вештачка интелигенција.
Што е следно за транспортната логистика поддржана од вештачка интелигенција?
Ние сакаме продолжуваме да го олеснуваме работниот ден на нашите корисници – и во таа насока ќе интегрираме вештачка интелигенција во дополнителни Services на TIMOCOM Road Freight Marketplace.
За Давид Мог:
Дејвид Мог е менаџер на производи во TIMOCOM и одговорен за развој на иновативни решенија во транспортната логистика. Со двојна диплома за бизнис администрација и драгоцено искуство во DHL Freight, тој носи сеопфатно стручно знаење. Дејвид работи во TIMOCOM од 2016 година и од 2019 година е одговорен за неколку услуги и интерфејси
Познат по своите посветени предавања, Давид со задоволство ги споделува своите набљудувања и активно соработува со клиентите. Неговата љубопитност и многубројните разговори со партнери го поттикнуваат да се стреми кон постојано барање нови решенија и подобрувања.
Olga Polasik-Rüffer
Senior Marketing Communications Manager