16.09.2020

Што да направите со отворени фактури? Кратко објаснување за вашите права и обврски во случај на задоцнето плаќање.

Сметководителот ги подмирува заостанатите фактури.

Налогот е доставен и фактурата е напишана. Но, на вашата сметка нема прилив и вие чекате на вашите пари?За да се забрзаа платниот промет, во 2011 година беше издадена Директивата на ЕУ. Вака низ цела Европа се регулира она што мора да се примени во секоја земја на ЕУ доколку има неплаќање на обврските.

Овде можете да дознаете што можете да направите во случај на непристигнати уплати, кога треба да користите  агенција за наплата  и кој ги плаќа таксите за наплата.

Директивите во правниот систем на ЕУ функционираат на тој начин што тие ги обврзуваат земјите-членки да ги спроведат во националното законодавство правилата содржани во нив. Тоа значи: Она што го налага ЕУ, исто така, мора да биде вклучено или изменето во законите во Германија, Италија, Шпанија и др. Со ова осигурува дека истата правна состојба важи за сите граѓани на Европската унија.

Правната состојба утврдена со Директивата 2011/7 / ЕУ  и применлива во сите земји-членки создава јасни права и обврски за тоа што да правите ако фактурата не е платена. Ова е особено важно за меѓународна индустрија како што е логистиката. Ова олеснува многу работи во деловниот живот за налогодавачите и налогоземачите.

За доверителите и должниците, ова значи:

Освен ако не е поинаку договорено во договорот, побарувањата се веднаш активни. Плаќањето мора да се изврши во рокот на достасаност, инаку по 30 дена се семта за доцнење.

Пред тоа, се случувало во транспортот и логистиката да биде договорен подолг период за плаќање. Условите за плаќање над 60 дена се дозволени само во исклучителни случаи и мора да бидат наведени во договорот.

Доверителот може да побара напорот и трошоците за наплаќање на парите да бидат компензирани од должникот. Ова може да биде предупредувачко писмо, адвокат кој бил повикан или  услуга за наплата на долгови. За вас како доверител, тоа значи дека може да ви бидат надоместена од страна на должнико таксата за наплата на долгови. Дополнителните трошоци направени од страна на доверителот вклучуваат административни и внатрешни трошоци. Истотака може да се наплати од должникот и паушал од 40 евра. Меѓутоа, ако се наплати паушалот од 40 евра, тогаш во таа сума се вклучени сите трошоци (потсетник / наплата / адвокат).

Должникот може да бара дополнителна затезна камата.

Според директивата на ЕУ, ова е девет проценти над основниот износ со кој се терети должникот. За задоцнето плаќање, ова може да значи дополнителена камата покрај првичниот износ од фактурата. Ова се однесува на трансакции помеѓу две компании. Ако е фактура од приватно лице, оваа регулатива повеќе не важи.

Следниве точки треба да бидат исполнети за горенаведените права да бидат валидни:

Овие регулативи се применуваат за набавка на стоки и услуги. Меѓутоа, ако се појават трошоци што претходно не биле договорени, директивата на ЕУ повеќе не може да се примени. Ако, на пример, настанала штета за време на транспортот што треба да се надомести, тогаш веќе не станува збор за првичната транспортна услуга.

  • Еден конкретен пример: Возач на камион предизвикува оштетување на зградата при приближување до рампата за товар. Примателот на стоката сака да добие оштета и пишува фактура. Возачот на камионот гледа поинаку на ситуацијата ина почетокот  не сака да ја плати оваа фактура. Според нашиот пример, тој би бил должникот. Настанува спор. Доверителот се гледа себеси во право и ангажира услуга за наплата на долгови.  Во овој случај, не можат да бидат надоместени сите трошоци.  
  • Еден друг пример: Сметководство неправилно распоредило фактура и ја платил двапати. Доверителот сака да се врати двојно платеното. Но тоа не се случува. Се ангажира услуга за наплата на долгови за да се врати двојно платеното. Во овој случај, исто така, не може да се бара повраток на таксата за наплата, бидејќи не била оригиналната услуга. 

Договорениот датум за плаќање е надминат. Мора да стапи на сила задоцнувањето и мора да можете јасно да покажете дека и по 30 календарски дена не сте ги добиле пари. Само тогаш можат да се започнат понатамошни постапки и, на пример, да се ангажира агенција за наплата на долгови.

Повеќе не е потребно испраќање на потсетник или споредливо барање за плаќање, но тоа сигурно многу помага. Ако фактурата не е платена во рок од 30 дена, повеќе нема потреба на неплаќачот да му се испраќа потсетник. Во овој случај, доверителот може да ангажира адвокат или услуга за наплата на долгови.

Должникот мора да биде со седиште во ЕУ. Ова значи дека доколку компанијата е со седиште надвор од Европската унија и се појави спор, секако дека може да се ангажира услуга за наплата на долгови. Во тој случај, од должникот не може да се наплати таксата за наплата на долгови.

Директивата на ЕУ дава прецизен преглед на тоа што е дозволено, може и треба да се направи во деловниот живот. Креирани се појасни правила „за да се обесхрабри надминувањето на роковите за плаќање“, како што се анведува во текстот на законот. Веројатно најважниот аспект на ова упатство е дека доверителите имаат право на надомест на нивната затезна штета - надвор од судот. Исто така, важно е да постои максимална горна граница од 60 дена во условите за плаќање. Отворените фактури треба да се платат што побрзо, тоа е декларираната цел.

Доколку тоа не се случи, можете да побарате стручна помош. На пример, услугата за наплата на долгови на TIMOCOM ви помага при комуникацијата со неплаќачите и во случај на потреба настапува како неутрален псоредник. Правниот експерт на TIMOCOM, Александар Оебел за ова: „Во повеќето случаи, тоа се тешкотии во комуникацијата меѓу страните што доведуваат до недоразбирања.“ Неутралниот орган може да посредува за да може да се решат несогласувањата меѓу деловните партнери и тие да можат што е можно подобро повторно да работат заедно во иднината.

Информирајте се сега

 

Преземете го соопштението за печат
нагоре