06.03.2020

Корона вирус: Како да постапуваме со транспортни налози кон и од Италија?

Се зголемуваат последиците врз меѓународниот товарен транспорт и тековните случувања отвораат многу прашања. Ги сумираме најважните информации за вас.

(1)

Еркрат, 06.03.2020 – Корона вирусот стигна и во Европа. Особено во Италија во моментов се забележува зголемување на инфекциите со САРС-КоВ-2 / ЦОВИД19. Овде можете да дознаете што треба да имаат во предвид налогодавачите, шпедитери и превозници при доделување или прифаќање на транспортни налози кон и од погодените региони, како најдобро да се однесувате ако имате потреба од разјаснување*.

Ако превезувате или планирате превоз кон или од овие региони, препорачуваме навреме да го контактирате вашиот налогодавач и да ја разјасните ситуацијата за да избегнете подоцнежни дискусии и недоразбирања.

Ажурирани информации од 09.03.2020: Според најновото известување на италијанското министерство за транспорт, нема ограничувања или забрани за транзит на стоки и добра на целиот производствен ланец кон и од областите во северна Италија Воведените ограничувања не забрануваат патување поради докажани деловни причини. Стоките може да се увезуваат и извезуваат кон/во погодените области. Извор: [http://www.mit.gov.it/comunicazione/news


Ажурирани информации од 10.03.2020: Италијанската влада ги прошири мерките врз целата држава.Доколку не сте сигурни во врска со одередно место (на местото на утовар или истовар), препорачуваме да се информирате за тековните ограничувања за патувања на италијанските власти и да контактирате со вашиот налогодавач.

Информациите за положбата и безбедноста можат да се променат брзо.


Повеќе информации можете да најдете тука: ДЕ: https://www.auswaertiges-amt.de/de/aussenpolitik/laender/italien-node/italiensicherheit/211322, IT  http://www.salute.gov.it/nuovocoronavirus/

Каква е правната состојба пред почетокот на транспортот?

Ако транспортот сè уште не е започнат,  при долготрајна забрана може да произлезе објективна невозможност. Договорите за транспорт кои во суштина не може да се исполнат, генерално се сметаат за неважечки. А тоа значи, дека таквиот договор нема да предизвика обврска. Ниту возило ќе треба да биде обезбедено од страна на шпедитерот или транспортерот, ниту пак налогодавачот добива компензација за откажаната тура.

Ако пред утоварот е познато дека налогодавачот или примателот не работи од претпазловост поради поради корона, тогаш налогодавачот би бил одговорен за ова откажување сè додека не може да докаже дека официјално е наложена забрана за работа.

Во таков случај, препорачуваме однапред да се консултирате со вашиот налогодавач.

Каква е правната состојба при веќе тековни транспорти?

Ако, како транспротер или шпедитер, веќе сте прифатиле транспортен налог преку Smart Logistics системот, тогаш во основа се применува законски обврзувачкиот договор што сте го склучиле со вашиот налогодавач.

Ако транспортот кон или од регион зафатен од корона вирусот веќе започнал, т.е  вообичаено тоа е од започнување на утоварот,  како резултат на службени мерки, може да се соочите со бариери на пристапните патишта или цели места, каде што треба да се истовари робата. Во овој случај, постои т.н. пречка за транспорт. Тука се применуваа членот 14 ff од CRМ т.е соодветните регулативи на националниот закон за транспорт. Во тој случај за неопходна промена на налогот за транспорт потребни се  упатства од налогодавачот за тоа како поинаку да се изврши транспортот, на пример со договарање на алтернативна дестинација.

Во ваков случај, транспортерот обично има право на надомест на дополнителни трошоци како што се на пример  дополнителни трошоци за патување поради поголемото растојание.

Транспортерот може да го прекине транспортот само доколку клиентот не издаде упатства или ако упатствата се неразумни. Но внимание! Во овој случај, транспортерот е одговорен за соодветното чување на стоката. Во некои случаи, како што се расипливи производи, може да се разгледа итна продажба.

Истото важи ако на пр. деловните простории  на испраќачот или примателот се затворени или блокирани и утоварот или истовар на камионот не се можни. Во случај на сомнеж, транспортерот мора да обезбеди доказ за блокадата или затворени деловни простории.

Ако барате места за складирање на краток период, во  Smart Logistics системот ќе најдете соодветни понуди во нашиот Smart App Складишта. https://www.timocom.de/smart-logistics-system/lager

Ако превезувате или планирате превоз кон или од овие региони, препорачуваме навреме да го контактирате вашиот налогодавач и да ја разјасните ситуацијата за да избегнете подоцнежни дискусии и недоразбирања.

Исто така, можете да најдете повеќе информации за тековните забрани за возења на камиони на www.truckban.info.

* Информациите дадени овде не претставуваат правен совет. Доколку ви треба конкретен став, ве молиме консултирајте се со вашиот адвокат за да ги земете во предвид сите особености, како и националните права и закони.

Преземете го соопштението за печат
нагоре