Доделување и добивање на оценките за реализирани налози

Благодарејќи на функцијата за оценување, налогоземачот и налогодавачот можат да се оценуваат меѓусебно откако ќе се изврши транспорот во TIMOCOM берзата. Вака вие како корисник самите промовирате транспарентност во системот – налог по налог.

 

За сите што доделуваат товари

Вашите предности:

  • Повеќе безбедност: Позитивните оценки за комуникација, ракување со стоката и навремениот утовар и истовар ви даваат сигурност дека вашиот товар е во добри раце.
  • Прв избор: Доколку имате позитивно портфолит на компанијата, транспортните компании ќе ве претпочитаат како клиент.
  • Заштеда на време: Врз основа на оценките од други корисници на системот, можете уште подобро и побрзо да одлучите кој деловен партнер е вистинскиот за вас.

За сите што вршат превоз

Вашите предности:

  • Повеќе безбедност: Оценките за навременоста на плаќањето, правичноста и комуникацијата ќе ви помогнат да ги изберете вашите деловни партнери.
  • Зголемете ја вредноста на пазарот: Позитивните оценки придонесуваат за резултатот на вашата компанија - и на тој начин ја зголемуваат вашата конкурентска предност.
  • Ефикасност: Благодарение на транспарентните оценки во рамките на Smart Logistics системот, на централна локација ќе најдете репрезентативни мислења за потенцијалните деловни партнери.


Вака функционира:

Доделете оценки за извршени транспортни налози

Кога ќе дојде датумот на истовар, соодветните деловни партнери добиваат известување дека можат меѓусебно да се оценуваат - според добро познатиот принцип со 5 ѕвезди. Поради следливоста, тие мора да се обработат преку Апликација за транспортни налози. Во деталите од транспортниот налог, можете да доделите оценка и да ја видите вашата.

en-timocom-ratings-feature-screenshot-1
en-timocom-ratings-feature-screenshot-2

Оценете различни категории

Налогодавачот може да ја оцени комуникацијата со договорниот партнер, точноста при товарањето и истоварот, како и ракување со стоката и документите.

Налогоземачот ја оценува не само комуникацијата, туку и правичноста на договорените одредби и навременоста на плаќањето.


Резултат на компанијата и индивидуални оценки во профилот на компанијата

Во профилот на компанијата се прикажува резултатот на компанијата, која се пресметува врз основа на прегледите на налогодавачите и налогоземачите во изминатите 12 месеци. Освен тоа, тука се гледа и просечниот рејтинг на поединечните категории. 


en-timocom-ratings-feature-screenshot-3

Зошто функцијата за оценување е толку добра:

Имате прашања? Со задоволство ќе ви помогнеме понатаму:

FAQ (Најчесто поставувани прашања)

Функцијата за оценување на TIMOCOM се заснова на трансакции, односно компаниите се оценуваат преку извршените трансакции.

Налогоземачите и налогодавачите можат меѓусебно да се оценуваат доколку во Smart Logistics системот постои транспортен налог прифатен од двете страни. Ова осигурува дека двата договорни партнери навистина заедно спровеле налог.

Кога оценувате налогоземач, можете да ги оцените следните категории:

  • Комуникација со диспозиција
  • Навремен утовар и истовар
  • Ракување со стоката
  • Ракување со документите

Кога оценувате налогодавач, може да се оценат следните категории:

  • Комуникација
  • Правични договорни одредби
  • Плаќањето

Секоја категорија е подеднакво вклучена во целокупната евалуација. Подкатегориите кои не се оценети не се вклучени во пресметката.

Не, не може да се коментира оценката. Поделбата на поткатегории овозможува диференцирана проценка зсо што може да се изостават коментарите. Коментарите не можат да бидат проверени од TIMOCOM и затоа постои ризик да бидат објавени навреди или невистинити наводи кои, во најлош случај, би можеле да бидат штетни за компанијата.

Треба да се осигура дека налогодавачот и налогоземачот всушност го извршиле налогот заедно со цел да се спречи манипулација со резултатот од оценувањето.

Компанијата може да се оцени во контекст на соодветниот транспортен налог веднаш штом ќе дојде датумот на истовар.

Не. Може да се оценат само транспортните налози што се завршени откако е воведена функцијата за оценување.

Оценката на компанијата се пресметува од просекот на оценката како налогодавач и оценката како налогоземач.

Сите оценкина трансакции (транспортни налози) од последните 12 месеци се вклучени во евалуацијата на налогодавачот или налогоземачот.

Кога ќе биде можно оценувањето, ќе се добие известување преку ѕвончето во Smart Logistics системот и известување преку е-пошта до лицето за контакт оѕнечено во налогот. Доколку во налогот не е наведено лице за контакт, сите корисници од фирмата ќе добијат известување преку ѕвончето и известување преку е-пошта (предуслов: дадена согласност во поставките). Ќе биде испратено еднократно потсетување и преку горенаведените канали.

Оценката може да се промени до истекот на времето предвидено за оценување, се додека оценката е само зачувана и не е конечно поднесена.

Постои опција да се побара еднократна корекција од договорниот партнер. Ова може да се испрати директно во Smart Logistics системот преку деталниот приказ на транспортниот налог (во делот „оценување“). Препорачуваме лично да контактирате со договорниот партнер за директно да ги објасните причините за барањето.

По објавувањето, оценката директно влегува во рејтингот на компанијата, дури и ако е поднесено барање за корекција и истото сè уште е отворено. Штом е направена корекција, рејтингот на компанијата наново се пресметува.

Барањето за корекција мора да се одговори во рок од 7 дена.

TIMOCOM како давател на неутрална платформа, не може да ги коригира или брише оценки. Ве молиме побарајте директен контакт со вашиот договорен партнер и користете ја опцијата за корекција што ви е достапна кај секоја дадена оценка.

Во прегледот на транспортниот налог, можете да филтрирате по налози кои сè уште не се оценети.

Дополнително, бројот на отворени оценувања се прикажува на почетната страница во графичкиот елемент „оценувања“ . Со кликнување на ова ќе бидете препратени директно до налозите кои допрва треба да се оценуваат.

Функцијата за оценување во TIMOCOM е функција за оценување базирана на трансакции. Ова значи дека компаниите можат да се оценуваат меѓусебно само ако тие навистина заеднички го извршиле налогот (прикажано преку апликацијата TIMOCOM транспортните налози).

Ова го прави многу потешко да се манипулира со оценките, бидејќи конкурентите на пример, не може да се оценуваат еден со друг без соодветната трансакција.

Ако дадете отказ, ќе се изгуби рејтингот на вашата компанија. Дури и ако подоцна повторно станете клиент, рејтингот на компанијата не може да се поврати.

Во случај на компании на кои пристапот им е блокиран, рејтингот на компанијата останува и повторно се прикажува за сите клиенти во Smart Logistics системот откако ќе се одблокира пристапот.

Ако договорот е паузиран (без раскинување), сите оценки се задржуваат. Сепак, само оценките од последните 12 месеци се вклучени во рејтингот на компанијата, така што постарите оценки повеќе не се земаат предвид при продолжување на договорот, а со тоа и рејтингот на компанијата исто така може да се промени.

нагоре