05.02.2021

Логистика без стрес

Совети за шпедитери и превозници за подобро справување со стресот.

: Возачите на камиони и шпедитерите честопати се под притисок на време, но и за ова постојат решенија.

Веројатно ове е илузија: Логистика без стрес. Превозниците и шпедитерите  скоро секогаш се натпреваруваат со часовникот. Временскиот притисок во  логистиката  се зголемува, особено за време на одредени делови од годината, како што е пред Божиќ. Во оваа статија објаснуваме  кои фактори во логистиката  можат да доведат до стрес и даваме совети за тоа како да се справите со него - или, во најдобар случај, како воопшто и да не се појавува.

Од каде доаѓа стресот?

Зголемен пулс, напнатост во телото, особено во пределот на вратот и рамото, главоболка и болки во грбот, тешкотии при концентрацијата и зголемена раздразливост се меѓу типичните симптоми за стрес . Кога се под стрес, луѓето се значително помалку концентрирани и почувствителни на надворешни дразби.

 Една студија   спроведена од Федералниот институт за истражување на патишта   опишува дека условите на стрес ретко се однесуваат на „големи настани“ како на пр. сообраќајна несреќа, туку многу повеќе на помали, секојдневни фактори.  За  возачи на камиони  и  шпедитери  ова е вообичаениот секојдневниот притисок на роковите, застојот во сообраќајот, бучавата, времињата на чекање на рампа или другите учесници во сообраќајот.   Диспечерите треба да се справат со разни непредвидливости  при планирање и организирање на   транспортни процеси и координација на возниот парк како и креирање, управување и следење на транспортните налози.  Особено при сезонски шпицеви, многу од овие стресни фактори се зголемуваат .

Превентивни мерки против  стрес 

Дури и ако на некои причини за стрес не може да се влијае, дефинитивно постојат можности  подобро да се справите со стресот . Составивме  совети  за вас, така што ќе бидете подобро опремени за напорните фази.

Правилно користење на паузите

Вежбите за релаксација, кои можат да се изведуваат за време на периоди на одмор, во сообраќаен метеж и исто така за време на возењето, помагаат  да се намали стресот . По долго седење додека возите, вреди да се одморите со прошетки и вежби за истегнување Дури и за време на неволни паузи како што се застој во сообраќајот или време на чекање на рампата, едноставните кругови со рамото, кружното движење на главата и длабокото дишење може да се спротивстават на насобраниот стрес.

Постојат едноставни вежби за зајакнување на грбот, рамената и надлактиците . Возачите можат на пр.  да се фатат за воланот содвете раце и 5 секунди да извлекувате. Притоа исправете го 'рбетот и истегнете ги градите надвор. Во стоечка положба, исто така можете да ги зајакнете мускулите на вратот и рамото: ставете ги двете раце на задниот дел од главата и туркајте ги лактите назад неколку секунди. Мускулите на нозете може да се истегнат и зајакнат  со ставање на петата на скалата од камион и потпирање на горниот дел од телото неколку секунди напред.

Јадете балансирано

Исклучително е тешко за возачите на камиони да се хранат здраво. Последица на постојан престој на автопати: едностраното јадење. Здравјето  може да страда, и сме помалку отпорни кога станува збор за  стрес .

Истото важи и за вработените во  логистика  кои не седат на возачкото седиште. Исто така и тие треба да обрнат внимание на здрава и урамнотежена исхрана.  Свежо овошје и зеленчук, производи од цели зрна и оброци со малку маснотии обезбедуваат трајна енергија и важни витамини . Премногу јаглехидрати ја поттикнуваат можноста за концентрација, но вишокот инсулин предизвикан од производи од бело брашно и шеќер доведува до глад и замор. Најдобар пијалок  е вода или незасладен чај . Засладени пијалоци како кола и енергетски пијалоци (како и премногу кафе) ве креваатза кратко, но заморот само се турка назад и обично е потешко потоа.

Спиење - најдобар лек за замор

Еден од столбовите за спречување на замор и стрес е  адекватен сон околу 6 часа  како здраво возрасно лице. Според студијата на здружението за транспорт, 20-30 проценти од сите сообраќајни несреќи се предизвикани од замор. [1] Студија на Фондацијата ААА за безбедност во сообраќајот покажува дека ризикот од несреќи се удвојува по само 2 часа помалку спиење. [2] Кратките застанувања со задремување  (20 минути) можат да помогнат во заморот.

Дневната рутина за спиење помага ако имате проблеми со заспивањето. Ако имате проблем да заспиете, дневната рутина за спиење му помага на телото да се навикне на режимот на спиење.

Технологијата против стресот

Во основа    на возачи на камиони  им е потребен е висок степен на концентрација. Уморни и под стрес возачи потешко се

концентрираат и на тој начин погрешно ги проценуваат возачките ситуации. Но, на  менаџерите на синџирот на снабдување  им треба и ладна глава и предвидливост за да можат оптимално да ги планираат турите. Но, постојат и дигитални помагачи  кои го намалуваат стресот uуште при планирањето на транспортот.

Управување со релации и рампи за товарење

Во копнениот транспорт , особено важно е доброто планирање на маршрутата. Поради сообраќаен метеж, транспортните компании или спецификациите за рампата за товарење веќе не може да се придржуваат до  планираната релација , што доведува до стрес на сите нивоа.  Апликацијата Релации и Трошоци во Smart Logistic систем на TIMOCOM  тука носи голема предност  во однос на планирањето на релацијата. Бидејќи оптималната  пресметка на релацијата овозможува подолги паузи и го намалува временскиот притисок за возачите, а тоа е главната причина за стресот.  Благодарение на соработката со Cargoclix, GPS-податоците можат да се користат за пријавување на очекуваното   време на пристигнување пред рампата . Подготовката на камионите може да биде подобро темпирано и со тоа да се намалат  непотребните времиња на чекање . Ова исто така создава релаксација во  управување со рампата .

Транспарентен транспорт

TIMOCOM нуди опција во Апликацијата за следење на возила за ослободување на податоци за возилата на избраните партнери. За возачот  стресот  се намалува, затоа што за време на возењето има помалку комуникација со клиентот.  Веќе нема потреба да се прашува каде е стоката. За шпедитерот и диспечерот, стресот е намален затоа што тој знае каде е возилото со товарот и тогаш може  оптимално да ги планира релациите и возниот парк . Потоа, податоците за приближното време на пристигнување можат да бидат проследени до клиентот/налогодавачот за да знае кога неговата стока ќе пристигне на дестинацијата.

Стресот може да се појави во која било професија. Соодветните вежби и добрата организација можат да бидат одлични превентивни мерки. Не можете да предвидите сè, но многу може да се добие со добро планирање. Дигиталните решенија, како што е Smart Logistics системот на ТИМОКОМ, им помагаат на транспортерите, шпедитерите и налогодавачите многу поефикасно да ја координираат својата работа .

Ако сакате и поедноставено планирање на релациите, дознајте повеќе за Апликацијата Релации и Трошоци.

 

Преземете го соопштението за печат
нагоре