Ова се логистичките трендови за 2024 година
Трендови во логистиката: 12 тези за развојот на транспортниот пазар
Кои трендови и случувања ќе бидат актуелни за транспортната и логистичката индустрија во 2024 година? Од стручните кругови, анализи и размената со бизнисот и науката, станува јасно:
Во наредната година многубројни ќе бидат предизвиците со кои ќе се соочат шпедитерските и транспортните компании како и трговијата и индустријата. Во 12 точки, Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања во TIMOCOM, ги наведува значајните трендови во светот на транспортот и влијанија врз иднината на логистиката во Германија и Европа.
Пријавете се сега за нашите новости за логистика и редовно добивајте директно во вашето електронско сандаче интересни написи од светот на патниот товарен транспорт!
Цените на транспортот растат поради зголемување на патарините
Поради огромните зголемувања на патарините во Германија и соодветните планови во други земји, цената за транспорт со камиони ќе го надмине нивото од последните години. Може да се очекува зголемување на цените на транспортот и до 12%. Високите трошоци не можат целосно да се пренесат на крајниот потрошувач, некои од нив мора да бидат на товар на давателите на транспортни услуги, како и индустријата и трговијата. Многу се дискутира околу трошоците направени со празни километри и кој ќе ги сноси.
Камионските превозници остануваат пократки за зголемени кадровски и оперативни трошоци
Транспортните компании ќе можат само во ограничен обем да префрлат дополнителни трошоци како што се канцеларии, возилата и веќе зголемените трошоци за човечки ресурси итн. Камионските превозници и шпедитерите остануваат пократки за овие. Ќе биде тешко во сегашната економска ситуација истите да се генерираат преку уште поефикасно искористување за да може некако да се одржат и онака ниските маржи.
Процентот на возила со ниски емисии тешко дека ќе се зголеми во 2024 година
Процентот на возила со ниски емисии тешко дека ќе се зголеми во 2024 година, бидејќи, од една страна, речиси и да нема достапни возила на пазарот, а од друга страна, постои голем скептицизам меѓу товарните превозници за тоа која технологија ќе биде соодветна за нивните бизнис во иднина. 2024 година ќе биде година во која повеќето компании ќе се воздржуваат од инвестирање во нови технологии за возење, чекаат и гледаат како же реагираат „First Mover“. Искуствата со LNG сè уште се премногу длабоки врежани во меморијата. Меѓутоа, транспортните компании сè почесто наидуваат на клиенти кои сакаат возила со ниски емисии со цел да ги намалат трошоците за патарина и отпечатокот на CO2. Оваа дилема ќе ја одреди дискусијата за изводливоста на идните технологии.
Возачите остануваат дефицитарни, а трошоците за персонал остануваат високи
Во 2024 година генерално ќе биде малку полесно да се најде персонал за магацините и администрација. Меѓутоа, возачите остануваат дефицитарни, исто како што и понатаму ќе биде тешко да се добијат специјализанти - во сите области. Севкупно, трошоците за персоналот остануваат константни на високо ниво откако платите беа зголемени во текот на 2023 година.
Делумните и целосните товари добиваат на важност
Опаѓачката економија доведува до помали транспортни потреби и помал обем на индивидуални испораки, така што побарувачката за товарен простор ќе се намали. Компаниите кои можат да се справат со ова се оние кои работат ефикасно и флексибилно со тоа што ќе го собираат секој дополнителен товар што можат да го добијат. Поедноставните FTL (полни товари) се предмет на жестока конкуренција во однос на цената, додека транспортот со делумен товар се очекува да биде нешто попрофитабилен.
Масовно ќе се зголемува бројот на тендери
Воздржаноста да се објавуваат тендери во изминатата 2023 година, поради стравот од добивање значително полоши услови од претходно или евентуално воопшто да нема понуди, ќе се намали во 2024 година. Индустријата ќе биде преплавена од бранови со тендери. Од една страна, купувачите мора редовно да објавуваат тендери, бидејќи договорите кои истекуваат понекогаш не можат да се продолжат, а од друга страна, се надеваат дека зголемената конкурентност ќе ги намали цените. Понудувачите веројатно ќе имаат корист од ова, бидејќи во време на криза многу компании се обидуваат да го склучат секој договор што можат.
Избалансиран однос на транспортните капацитети
Во 2023 година, односот товаро со товарен простор во просек беше приближно 60 до 40, што го прави нешто поизбалансиран во споредба со претходните години. Ниту во 2024 година нема да се вратиме на односите од крајот на корона пандемијата, кога многу транспортни капацитети беа екстремно искористени. Превозниците кои во последниве години со силна побарувачка сè повеќе склучуваa долгорочни договори повторно ќе бидат повеќе зависни од ад хок бизнисот. Оваа може да биде година на транспортните берзи и платформи.
Повеќе затварања на фирми, но речиси и да нема да има губење на капацитети
Севкупно, капацитетите ќе останат исти, но бројот на компании ќе се намалува. Компаниите кои стануваат несолвентни или напуштени се преземаат од страна на конкуренција. Како резултат на тоа, консолидациите ќе продолжат да се зголемуваат, но речиси нема да има нови играчи на пазарот. Возачите претпочитаат да се вработат отколку да се осамостојат. Општите услови и потенцијалите за започнување бизнис исто така и во 2024 година ќе бидат едноставно премногу лоши.
Нема зголемување ако се префрли на железница
Префрлувањето на превозот во железница, особено во комбинираниот транспорт, исто така, ќе биде на списокот со желби на многу испраќачи и шпедитери во 2024 година. Тешко дека ќе напредува само со реализација. Огромните ограничувања на трасата поради градилиштата, недостатокот на персонал, недоволниот капацитет на терминалите и, последно, но не и најмалку важно, ограничувањата предизвикани од приколките што не можат да се префрлат со кранови, значителното го попречуваат префрлање на железница. Ако може да се задржи сегашното ниво на железнички товарен транспорт, тогаш веќе е постигнато многу.
Конфузија и многу труд поради законските прописи
Последиците од Законот за должно внимание за синџирот на снабдување (LkSG) за прв пат ќе станат јасно видливи во 2024 година, бидејќи од 1-ви јануари компаниите со повеќе од 1.000 вработени сега мора да спроведат и анализи на ризик моракако и да документираат во нивниот синџир на снабдување и транспорт. Бројни сертификатори и консултанти кои сакаат да имаат корист од законската иницијатива веќе насетуваат нов бизнис. Многуте мали и средни транспортни компании се соочуваат со поплава од барања за докази и барања од нивните клиенти кои имаат обврска за известување. Ако BAFA наскоро не издаде јасни упатства за акција, оваа тема ќе биде извор на многу дискусии во 2024 година.
ИТ безбедност и зголемување на хакерските напади
Во 2024 година, безбедноста на информатичката технологија ќе биде проблем како никогаш досега. Масовно ќе се зголеми заканата за ИТ системите од хакери. Бидејќи инвестициите во превенција и заштита кај повеќето мали и средни компании не се ни блиску до стандардот што би бил соодветен и неопходен, бројните хакери ќе бидат успешни. Засегнатите компании, како од страната на клиентите и од изведувачите, кои не направиле никакви подготовки за вонредна состојба во ваков случај, може да се најдат во финансиски тешкотии.
Складишна логистика: Регионални разлики во магацинскиот и логистичкиот пазар:
Бидејќи капацитетот за складирање насекаде во 2023 година сè уште беше во голема мера недостижен, ситуацијата на пазарот на недвижности во 2024 година регионално ќе се развива поинаку. Додека ситуацијата во руралните средини се подобрува поради слободните работни места и новите згради кои наскоро ќе бидат достапни на пазарот, капацитетот за складирање сè уште ќе биде редок во метрополите. Недостигот ќе продолжи и годинава во делот на посебните недвизности, на пример, кај опасните материи.
За Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања воTIMOCOM
Дипломираниот економист Гунар Гбурек со фокус на трговијата и логистиката има неколку годишно искуство во логистичката индустрија, меѓу другото. како управен директор на давателот на логистички услуги Hasenkamp, кој е специјализиран за комерцијални и приватни испораки на клиенти, и како шеф на логистика во Федералната асоцијација за управување со материјали, набавка и логистика (BME). Од крајот на 2016 година тој е Раководител за деловни прашања и портпарол на компанијата TIMOCOM.
Ќе добиете повеќе корисни написи и увид во индустријата со совети за дигитализирање и автоматизирање на вашите логистички процеси директно во вашето дигитално сандаче со нашите логистички вести!
Можеби ќе ве интересира и ова: