Економска катастрофа: планираното зголемување на патарината и нејзината сурова реалност
Авторски текст на Гунар Гбурек, раководител на деловни прашања, TIMOCOM GmbH
Оптоварувачките ефекти од планираното зголемување на патарините во никој случај не смеат да се игнорираат и да се кријат зад затворени врати.
Планираното зголемување на патарината во Германија на 1 декември 2023 година е повеќе од само финансиски товар - тоа е економски кошмар за столбот на нашето снабдување и економијата, патниот товарен транспорт!
Од крајот на 2023 година, дополнително на постојната патарина за сите камиони со технички дозволена вкупна маса од над 7,5 тони ќе се плаќа додаток нс патарината за емисиите на CO², аод 2024 година се планираат повисоки такси за патарини и за другите транспортни класи. Покрај транспортниот сектор, овие мерки негативно ќе влијаат и на индустријата, трговијата и потрошувачите. Во игра е многу повеќе од само прашањето за трошоците: се работи за одржување и проширување на конкурентноста на Германија како деловна локација!
Маѓепсан круг на дополнителни трошоци
Планираната, таканаречена патарина за CO² не е ништо повеќе од „скриено“, политички мотивирано зголемување на даноците, чии наводни фактички аргументи немаат апсолутно никаква врска со реалноста. Воведувањето патарина за CO², како што е планирано од 1 декември 2023 година, речиси ќе ги удвои давачките за патарини за камионите. Речиси нерешлив предизвик за логистичката индустрија, која веќе прави се што е во нејзина моќ за ефикасно да се спротивстави на зголемените трошоци. Едноставно неприфатлив е зголемениот притисок врз транспортните компании да надоместат некои од овие повисоки трошоци со намалување на сопствените профитни маржи за да останат конкурентни. Овој пристап претставува очигледна пречка за голем број компании. Бидејќи транспортната индустрија веќе работи со исклучително ниски маржи. Со тоа, самиот факт дека профитната маржа повторно ќе се оптоварува неизбежно значи дека компаниите ќе имаат помалку финансиски ресурси на располагање за на пример, итно потребните идни технологии. Ова ги блокира инвестициите во транспортни решенија со помали емисии, како што се електричните камиони и алтернативните методи на возење - иако транспортните компании всушност треба да бидат поддржани во нивните напори да воведат поодржливи практики, а не безмилосно да се попречуваат.
Но, тоа не е се. Други, особено помалите и средни транспортни компании дури завршуваат во минус како резултат на зголеменото оптоварување - на долг рок, тие немаат апсолутно никакви шанси да преживеат на пазарот. Драстичната последица: тие се наоѓаат во крајно несигурна ситуација, се оптоваруваат со зголемени трошоци и во најлош случај ќе мора да се откажат. Маѓепсан круг кој дополнително ќе се засили со планираното поскапување на патарините - и онака напнатата ситуација ќе биде уште полоша без да се земат предвид загубите!
Планираното зголемување на патарината не успеа како управувачки инструмент
Зголемените давачки за патарини постојано се истакнуваат како управувачка алатка за промовирање на поеколошки транспорт. Сепак, суровата реалност покажува поинаква слика: очекуваниот ефект на управување нема да се оствари, и тоа од јасни причини. Потребната инфраструктура за алтернативни технологии едноставно не е ниту доволна ниту широко достапна. Дополнително, адекватни возила најверојатно нема да бидат понудени на пазарот во релевантни бројки до крајот на 2023 година или дури до 2024 година. Со вакви мерки, изгледите за иднина со „зелена“ логистика се под знак прашалник. Планираното зголемување на патарините нема никаква корист за климата - наместо тоа, предизвикува огромна економска и социјална штета.
Неодговорна мерка со далекусежни последици
Сепак, логистичката индустрија и производствените компании нема да можат сами да го сносат најголемиот дел од трошоците за патарините. Тие неизбежно, низ различни фази, се пренесуваат на (крајниот) потрошувач. Со тоа се предизвикува општо поскапување на стоките и услугите, така што дополнителните трошоци на крајот ќе се одразат на целото население. Со оглед на моменталната инфлација, ова е уште еднаш дополнителен фактор за раст на инфлација.
Важно е да се бараат алтернативни решенија кои ја штитат животната средина, но исто така не ги оптоваруваат економијата, индустријата и општеството со толку далекусежни последици. Она што е во прашање е иднината и конкурентноста на Германија како економска локација – како и квалитетот на животот на сите засегнати.
Време е да се прифати реалноста - камионскиот транспортот е столбот на нашата економија и општеството. Уште еднаш да биде јасно: денес ниту еден камион не поминува некое растојание без за тоа да има оправдана причина. Зад секое розење има транспорт кој ја одржува нашата економија во живот, го обезбедува нашиот просперитет и го снабдува општеството со сите добра што му се потребни. Повисоките трошоци за патарина нема да можат да донесат краткорочни промени во транспортните модалитети. Во моментов тоа не може да го исполни инфраструктурата за алтернативни начини на транспорт, како што се железницата и внатрешните водни патишта. Затоа и понатаму ќе биде неопходно потребен и ќе се одвива патниот товарен транспорт. И тоа со зголемени трошоци.
Дигитализација во патниот товарен транспорт
Како правилно да ги дигитализирате вашите процеси за испорака
Samira Gryzia
Marketing Communications Manager